Пред 55 години убиен Кенеди, најмладиот претседател на САД

Пред точно 55 години во Далас е убиен тогашниот претседател на Америка Џон Кенеди. Кенеди бил 35 претседател на Соединетите Американски Држави, а мандатот го извршувал од 1961 година до 1963 година, како член на Демократската партија.

Кенеди бил најмладиот претседател и прв католик кој се нашол на оваа функција. За 22 месеци, колку што минал во Белата куќа, се случиле неколку светски кризи и почнала трката за освојување на вселената.

Официјалната верзија е дека бил убиен од поранешен маринец Ли Харви Освалд во Далас, за време на неговата официјална посета во Тексас. Има и такви кои веруваат дека зад целиот настан стои моќна групација и дека се работи за еден вид на заговор против Кенеди и отстранување од претседателското место.

Scroll to Top