Пред несреќата, принцезата Дајана напишала писмо и го обвинила Чарлс дека сакал да ја убие

Принцезата Дајана пред нејзината смрт напишала писмо во кое открила дека нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, планира да ја убие. Таа напишала дека Чарлс сакал да ѝ ги расипе сопирачките на автомобилот и на тој начин да предизвика несреќа и се ослободи од неа.

„Мојот сопруг планира несреќа со мојот автомобил, откажување на сопирачката и сериозна повреда на главата“, напишала Дијана во писмото, пренесува „Пипл“.

Таа напишала дека Чарлс сакал да ја убие, за да може потоа да се ожени со дадилката на нивните деца, принцовите Вилијам и Хари. По повод ова писмо, во 2005 година тогашниот шеф на Скотланд јард, Џон Стивенс, рече дека била покрената истрага.

Тие го испрашале Чарлс за писмото кое го напишала Дајана и се обиделе да ги истражат теориите на заговор што кружеле за смртта на принцезата Дајана.

„Да, беа изнесени обвинувања за принцот од Велс и другите членови на кралското семејство, но моравме да ги пронајдеме или истражиме постојните докази пред да му се обратиме со официјални прашања. Писмото не беше доволно за Чарлс да биде осомничен“, рече Стивенс.

„Не знаев ништо за пораката сè додека не беше објавена во медиумите“, рекол тогаш Чарлс.

За потсетување, принцезата Дајана почина во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, заедно со нејзиното момче Доди Фајед и возачот Хенри Пол.

 

Scroll to Top