Претседателот Дутерте: Членовите на британското кралско семејство се сериски убијци

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте упати остар напад кон кралицата Елизабета и кралското семејство обвинувајќи ги дека убиваат луѓе и дека се глава на едно мафијашко семејство.

Дутерте, кој го има прекарот на Дутерте Хари (според улогата на Дрти Хари – Валканиот Хари), како што пишува филипинскиот печат, го возврати ударот на меѓународната критика поради неговите вонсудски убиства што се случиле под негово водство.

„Кралицата Елизабета е главата на мафијашко семејство, кое убива луѓе, невини луѓе, а светот им дава слобода тоа да го прават. Но, еден наркодилер умира на Филипините и идиотите од меѓународните медиуми се повикуваат за кинење на мојата глава. Јас не мислам така“, изјави претседателот.

Кога го потпрашаа за деталите во врска со неговата изјава за кралицата, тој изјави:

„Тие, британското кралско семејство, ја убија принцезата Дијана. Таа беше закана, а сега е мртва. Тоа е убиство“.

Дутерте изјави дека бруталниот атентат на принцезата Дијана во 1997 година го довел до работ на солзи во тоа време, а знаел длабоко во себе дека нејзината смрт била исценирана и наместена.

„Тие сериски убијци не се добредојдени во оваа земја“.

Сега, по една година истражување и можност да разговара со светските лидери за вистината, храбриот претседател на Филипините се чувствува комотно осудувајќи ги кралицата Елизабета и кралското семејство за смртта на принцезата Дијана.

Тврдејќи дека нема шанси ни во пеколот меѓународните медиуми да се осудат да известуваат за тоа, Дутерте дополни дека така работат и мафијашките семејства. Тие контролираат сѐ.

Претседателот на Филипините нема време за аристократи, олигарси или гангстери кои себеси се сметаат над законот.

Тој го нарече високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеуд Раад ал-Хусеин, идиот поради предлогот дека тој треба да се сомничи и да се провери за убиство бидејќи и самиот на Би-би-си признал дека убил тројца дилери и криминалци.

Додека сликите од филипинските телевизии ги прикажуваат телата што лежат на улиците, јавната поддршка за Дутерте кон криминалот е сѐ посилна. Анкетата во декември покажала дека 85 отсто од Филипинците се задоволни од претседателската војна против дрогата и наркокартелите.

Нацијата беше во опасност да стане наркодржава и сѐ се сруши под товарот на тешките дроги. Наркошефовите ги контролираат улиците. Но, не повеќе. Сега новиот шериф е во градот.

Сенаторот Ричард Гордон, кој ја водеше истрагата против Дутертовиот начин на казнување на криминалците, на крајот изјави дека го ослободиле од сите злодела. Претседателот е на прав пат и се занимава со проблемите на единствен начин на кој тие може да се решат.

Либералната политика, која се обидува да ги проголта странските глобални медиуми, не функционира.

„Мислам дека луѓето ја пропуштија смислата говорејќи само за тоа дека нашиот систем не функционира“, изјави филипинскиот сенатор Гордон.

„Целиот систем на обвинителство и законодавство не функционира. Целата системска истрага не функционира. Нема доволно пари за истражителите. Нема доволно пари за лабораториските анализи на криминални дела. Премногу пропусници се издаваат за луѓето што го спроведуваат криминалот, а тоа е она што им овозможува да останат неказнети“, вели Гордон.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top