Преведувач во германската војска обвинет дека шпионирал за Иран

Во Германија денес започна судењето на Абдул С. со потекло од Авганистан, кој е обвинет дека шпионирал во корист на Иран. Абдул со години бил советник во германската војска.

Обвинителството го товари 51 годишниот Германец за велепредаство и кршење на законот за тајност, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.

Тој се товари дека како преведувач и советник во една касарна на западна Германија, во 18 случаи, предал воени тајни на иранската известувачка служба.

Судијата Томас Бергман одлучил понатамошното судење да се одржи зад затворени врати од безбедносни причини. Сопругата на Абдул, Асај С. исто така државјанка на Германија и Авганистан, е обвинета за сочуество во велепредавството. Обвинителството навело дека од почетокот го поддржувала неговото префрлање на документите.

Сепак не е докрај прецизирана природата на нејзината поддршка во овој случај и начинот на кој и таа учествувала во предавањето на документите на службите во Иран.

Scroll to Top