Петгодишно девојче од сиромашно село на Андите во Перу било донесено во локална болница во 1938 година, поради оток во стомакот. Лина во тоа време била едно од деветте деца, а нејзините родители се плашеле дека грутката во стомакот што растела е тумор. По целосниот преглед на Лина, лекарите и поставиле неверојатна дијагноза дека таа е во седмиот месец од бременоста. На 14 мај 1939 година, Лина со царски рез родила здраво момче тешко три килограми. Таа имала точно пет години, седум месеци и 21 ден, што ја прави најмладата мајка во историјата.
Екстремен случај на предвремен пубертет – Тоа е неверојатна приказна, но такви работи се случуваат – вели д-р Ерика А. Еугстер, педијатриски ендокринолог и професор по педијатрија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Индијана, пренесува порталот „How the stuff“. Според ендокринологот, Лина е екстремен случај на релативно честа детска состојба наречена предвремен пубертет. Ова хормонално нарушување може да се лекува, а педијатриските ендокринолози како Еугстер често ги забележуваат надворешните знаци на пубертет рано кај нивните пациенти, како што се развојот на градите и менструацијата кај девојчињата или зголемени гениталии и промени во гласот кај момчињата.
Лекарите во САД го дефинираат предвремениот пубертет како секундарен сексуален развој кој започнува пред осумгодишна возраст за девојчињата и девет години за момчиња. На пример, афроамериканските деца често го започнуваат пубертетот малку порано од белите или шпанските деца. Но, едно младо девојче кое влегува во пубертет на шест или седум години, иако невообичаено, е далеку од петгодишното дете кое веќе го поминало целиот процес на пубертет, како што е неверојатниот случај на младата Лина.
„Пет и пол годишна мајка и бебе се добро“, ова е насловот кој го обиколи светот објавен во „Лос Анџелес Тајмс “ на 16 мај 1939 година. Веста потоа ја потврдија медицинските власти во Перу, особено Едмундо Ескомел, еминентниот доктор истражувач и член на Француската академија на науките. Инаку, докторот кој првпат ја видел Медина во градот Писко, д-р Херардо Лозада, го пријавил случајот во Медицинската академија во главниот град Лима.
Lisa Medina Story will shock you. She gave birth at the age of 5 years. . The son grew up to know his mother as a sister. . Its a wicked world 🤦🏽♂️ pic.twitter.com/tVbdBEtU1y
— SingidaBoy 🇹🇿 (@cyrill_kamikaze) April 3, 2020
„Има многу обемна документација за овој случај. Има објавени извештаи поврзани со овој случај, така што се сомневам дека е невистинито, но ова е единствен случај од ваков вид за кој знам“, изјавил Ескомел.
Тој испратил телеграми за случајот на Медина до „La Presse Medicale“, француско медицинско списание, вклучувајќи и неквалитетна фотографија од бремената петгодишна девојка, истакнувајќи дека таа има целосно развиени гради. „Њујорк тајмс“ во ноември 1939 година објави дека помошникот генерален хирург на американската служба за јавно здравје ја прегледал Медина додека бил во Перу и дека нема сомнеж за автентичноста на случајот што тој го опиша како најневеројатната работа во неговите медицински кариера.
Ескомел и другите тактично и внимателно ја притискале Медина да го идентификува таткото на нејзиното бебе, но таа не можела да даде прецизни одговори, објавил Ескомел тогаш. Татко на Лина бил накратко приведен поради сомнение за инцест, но бил ослободен. Тој остро ги отфрлил сите обвинувања. Семејството се вратило во своето село и се обидело да ги избегне медиумите и медицинските власти.
Американски детски психолог можел накратко да ја прегледа Лина две години подоцна.
„Лина е натпросечно интелигентна, а бебето, момче, е сосема нормално и е физички подобро развиено од просечното дете на Местизос (Шпански Индијанци) – психологот, идентификуван од „Њујорк тајмс“ како г-ѓа Пол Косак.
„Таа го смета своето дете како братче, исто како и остатокот од семејството. Лина на својот син му го дала името Џерардо по докторот кој ја лекувал во Писк. Според некои извештаи, Џерардо дознал дека Медина му е мајка дури кога имал 10 години. Како што растеше, Медина постојано ги одбиваше барањата за интервју. Како возрасна, таа работеше како секретарка, а на крајот се омажи и го дочека своето второ дете во 1972 година, 33 години по раѓањето на Џерард. За жал, Џерардо почина во 1979 година на 40-годишна возраст од рак на коските. Според една статија на Ројтерс од 2002 година, Медина и нејзиниот сопруг живееле во маало во Лима во тоа време наречено Мало Чикаго. Не е јасно дали и денес е жива.