Принцот Хари го покажа ѓаволскиот знак додека позира со Меланија Трамп

Што сакаше да ѝ порача принцот на првата дама?Принцот Хари и Меланија Трамп се сретнаа првпат на настанот „Инвиктус гејмс“ во Канада на Меѓународните воени параолимписки игри, кои ги основаше токму Хари, а поради една фотографија на „Твитер“ се појавија теории на заговор.

dobivaj vesti na viber

Имено, додека позира со Меланија, Хари ги истакна двата прста, па изгледаше како да покажува ѓаволски рогови.

Интересно е што не стануваше збор за секунда или две, туку така позира подолго време.

Фотографијата веднаш стана истакната и почнаа нагаѓања што сакал Хари да ѝ порача на Меланија со ваквиот потег.

„Можеби би требало да истражите зошто Хари го покажа знакот на сатаната за време на состанокот со Меланија“. „Дали е тоа некој таен знак со кој се обидува да покаже дека на Меланија ѝ е потребна помош?“, „Тоа е ѓаволски знак“, беа некои од коментарите, а недолго потоа почнаа да се споменуваат и илуминатите.

„Принцот Хари го покажува знакот на илуминатите“, заклучи еден твитераш.

Имаше и такви што мислат дека Хари намерно ја исмевал Меланија.

„Секоја чест Хари што си ја „тролал“ Меланија. Одбивање на злото. „Хари, Америка те сака“, порача една твитерашка.

Гледајте го видеото:

 

Scroll to Top