Принцот Хари ќе се венча на денот кога во кралското семејство се случило страшно злосторство

Британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај 2018 година, сабота, објавија од палатата Кенсингтон. Интересен е фактот што двојката ќе се венча на годишнината од погубувањето на втората жена на англискиот крал Хенри VIII.

dobivaj vesti na viber

Двојката својата свршувачка ја објави на крајот на минатиот месец, а церемонијата на венчавката ќе се одржи во капелата „Свети Ѓорѓија“ во замокот Виндзор.

Кралското семејство ќе ја плати венчавката вклучувајќи ги и музиката, цвеќето, приемот на поканетите и послугата.

Принцот Хари (33), кој е петти по ред во линијата на наследници на британскиот престол, со американската актерка (36) се запозна преку нивен заеднички пријател на почетокот на 2016 година.

Тоа што за многумина беше интересно е што конечно беше објавен датумот на венчавката и фактот што оваа двојка стапува во брак на годишнината на смртта на некогашната англиска кралица Ана Болен, втората жена на Хенри VIII.

Некои не ја пропуштија можноста на социјалните мрежи да се пошегуваат на сметка на кралската двојка.

Овој владетел е познат по тоа што ја напуштил римокатоличката вера и имал шест жени со цел да добие машки наследник.

Неговата втора сопруга, кралицата Ана, е убиена на 19 мај 1536 година. Кралот наредил таа да биде обезглавена.

Кралицата била обвинета за прељуба, инцест со родениот брат, вештерство и заговор против кралот, а еден од судиите бил и вујко му, војводата од Норфок, кој ѝ помогнал да се омажи за Хенри.

Господин и госпоѓа Кингстон, чуварите на кулата, изјавија дека Ана во последните часови од својот живот била среќна и смирена и подготвена да се соочи со смртта.

Ана е родена во аристократско семејство и имала голема моќ.

Благодарение на врвното образование кое го добила во Австрија, а потоа и во Франција, беспрекорните манири и природниот шарм, лесно го освоила кралот Хенри VIII Тјудор и прво станала негова љубовница сѐ до периодот пред да се омажи за него на 28 мај 1533 година, со што станала и кралица на Англија.

Таа ѝ била и мајка на кралицата Елизабета Прва, која го наследила својот татко на престолот и на земјата ѝ донела просперитет.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top