Продолжи секс-војната меѓу САД и Русија: Американците му ја подметнаa на Путин згодната Хадли, откако овој му испрати секси преведувачка на Трамп

By

Американците му ја подметнале згодната водителка Хeдли Гембл, на рускиот претседател Владимир Путин, додека го правеше интервјуто со него, обвинуваат од Москва. Тие тврдат дека Американците намерно ја испратиле Хадли, за да го збуни рускиот претседател.

Како што пренесува „Дејли Мејл“ и државниот ТВ канал Русија 1, Москва била бесна на однесувањето на Хeдли која со долгите нозе сакала да го декоцентрира шефот на Кремљ. За потсетување, Хeдли разговараше со Путин на тема за енергијата и гасната криза во Европа.

Од Москва тврдат дека таа постојано си ги лижела усните и намерно облекла краток фустан и штикли од 12 сантиметри. Путин во еден момент дури ја критикуваше и рече дека била многу убава, но, дека не го слуша тоа што тој и го зборува.

„Убава жена, згодна, јас и зборувам едно, таа ми кажува нешто сосема друго, спротивно, како да не слуша што и зборувам. Па ќе повторам пак“, рече Путин.

Путин потенцираше дека Русија и испорачува гас на Европа, како што тоа отсекогаш го правела, дури и во времето на Студената војна и ги отфрли критиките дека намерно предизвикува криза и го користи гасот како политичко оружје.

Гембл му одговори на Путин дека го слушала и дека на Русија им требало долго време за да се занимава со снабдување на гасот и гасната криза.

„Беше намачкана со сјај и шминка како за на модна писта. Ги лижеше усните и ја местеше косата“, рече водителот Дмитриј Киселјов, кој објасни дека говорот на телото на Хадли бил целосно насочен кон Путин, но, дека рускиот лидер одолеал на нападите и дека не го исфрлила од рамнотежа.

„Публиката во студиото можеше да види за што се работи, исто како и нашата екипа“, рече Киселјов.

Хeдли и нејзината телевизијата CNBC не сакале да ги коментираат ваквите обвинувања, но водителката јасно кажа што мисли. Таа на „Инстаграм“ објави фотографија од насловната страна на рускиот весник „Комерсант“, на која во преден план се нејзините нозе.

„Мојот најдобар агол“, рече Хeдли.

Многумина пак во Америка веруваат дека Хадли била одговор на САД, на атрактивна преведувачка која Путин се обидел во 2019 година да му ја подметне на Доналд Трамп, за време на нивната средба на самитот Г20 во Јапонија.

Стефани Гришам поранешната прес-секретарка на Белата јуќа, тврди дека Бојарска била танчерка по салса и дека била тајното оружје на Путин.

„На почетокот на состанокот Фиона Хил, која беше советничка за прашањата на Русија ме праша дали ја забележав атрактивната бринета и нејзината долга коса, убаво лице и згодна фигура. Ми рече дека нејзината цел била да го збуни нашиот претседател“, рече Гришам.

 

Ќе ви се допадне