Во Кина бил пронајден нов извор на коронавирус, пренесуваат светските медиуми. Вирусот бил откриен во купатило во напуштен стан во Кина. Научниците велат дека благодарение на вирусот, тие дошле до неверојатно откритие.
Вирусот го пронашле во стан во градот Гуангџоу во Кина, место кое било дел од експеримент. Научниците велат дека во рамки на експериментот, тие дошле до неверојатно откритие.
Тие спровеле симулација во една зграда за да го следат движењето на вирусот и за да утврдат дали тој може да се шири и низ цевките.
Во зградата имало заразени, а во тоалетите во околните станови на заразените биле пронајдени траги од коронавирусот. Еден од становите бил напуштен со месеци пред експериментот, а научниците пронашле траги на мијалникот, чешмата, туш кабината и на тоалет школката.
Научниците новите сознанија за опасниот вирус ги објавиле во списанието „Environment International”. Контаминираното купатило се наоѓало директно над станот на лица кои една недела пред тестирањето пријавиле дека се заразени.
Тоа ги довело научниците до заклучок дека вирусот може да патува низ цевките. Ваквите сознанија научниците велат дека биле слични и со епидемијата на САРС, уште пред 17 години.
Научниците пронашле честички од вирусот и во други станови, 12 ката оддалечени од местото на заразените. Тие претпоставуваат дека коронавирусот се нашол во цевките преку фекалиите и дека на тој начин се проширил низ целата зграда, пренесува CBS News.
Пред 17 години, за време на големата епидемија на САРС во Хонгконг, биле заразени 329 станари на една зграда, а било утврдено дека причината за масовната зараза биле старите цевки.
„Иако не можеме да ја исклучиме трансмисијата по пат на лифт, верувам дека цевките имале поголем удел во оваа епидемија”, изјавил тогаш претставник на власта.
Новиот коронавирус најмногу се шири по пат на капки, но научниците веќе докажале дека може да се шири и преку измет кој потоа со пуштањето на водата во ВЦ школката и аеросолите се шири низ тоалетот.
Извор: Srbija Danas