Пронајдени коските на Амелија Ерхарт, жената пилот што го прелета Атлантикот

Според најновата научна студија, коските пронајдени на пацифичкиот остров Никумароро ѝ припаѓаат на Амелија Ерхарт. Ерхарт била првата жена авијатичар која самата го прелетала Атлантскиот Океан и која веројатно била првата жена што самата би летала со авион доколку не слетала над океанот во 1937 година.

Според студијата „Амелија Ерхарт и коските од Никумарора“, која ја напишал професор од универзитетот во Тенеси, Ричард Јанц, тие коски со децении биле енгима, а многумина шпекулирале и дека Ерхарт умрела на островот по падот на авионот.

Коските ги открила британска експедиција на истражувачи на островот во моментите додека барале населби, се наведува во студијата, и се додава дека еден од членовите на експедицијата наредил целосно истражување на целокупната област кога откриле човечки череп.

Така се откриени и другите коски и нешто што личело на женски чевел, а подоцна и кутија наметна за чување навигациски инструменти, кои се користат за летање, и шише со бенедиктански билен ликер.

„Во тоа време постоело сомнение дека се работи за остатоците на Амелија Ерхарт“, напишал Јанц во студијата.

Наредната година коските биле испратени на анализа во Фиџи. Јанц тие коски ги споредил со коските на Ерхарт и заклучил дека мерките се идентични.

Тој споредбата ја извел со помош на компјутерска програма која ги утврдува полот и скелетните мерки, а која обично ја користат форензичките антрополози од целиот свет.

Јанц ја споредил должината на коските со мерките на Ерхарт користејќи ги нејзината висина, тежина, облик на телото, пропорциите засновани на фотографиите и постојните информации на нејзините дозволи за возење авион и автомобил.

Според неговото откритие, коските на Ерхарт биле слични на коските на Нукумароро.

„Мали се шансите некоја друга личност да може да има толкава сличност со коските на Еархарт“, смета Јанц.

Амелија Еархарт е првата жена што со авион го прелета Атлантскиот Океан, а исчезнала во 1937 година за време на обидот да го обиколи светот со авион. Нејзиното исчезнување ја предизвика една од најголемите потраги во историјата на авијацијата.

 

 

 

Scroll to Top