Протекоа детали од хаосот од погребот на принцезата Дијана

By

Иако погребот на принцезата Дијана пред 20 години бил доста јавен, а дури две милијарди луѓе следеле телевизиски пренос од погребот, се чини дека кралското семејство успеало да прикрие некои работи, пишува „Индекс.хр“.

За нив, 20 години подоцна проговорил документарецот „Diana: 7 Days That Shook The Windsor“ на „Channel 5“.Да потсетиме, црниот „мерцедес седан“ во раните утрински часови на 31 август 1997 година удрил во потпорниот столб на парискиот тунел Pont de l’ Alma, додека неговите патници бегале од папараците.На лице место загинале Доди ал-Фаед и возачот Хенри Пол, додека Дијана умрела на пат до болницата. Несреќата ја преживеал телохранителот Тревор Рис-Џонс, но и оние кои ги следеле. Освен тоа нејзиниот возач бил под влијание на алкохол.

Кралскиот дописник, Дики Арбитер, кој работел во текот на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дијана, раскажал неколку детали за самиот погреб.

– Телефоните во палатата ѕвонеа цел ден, а ние на новинарите им кажувавме дека повеќе информации ќе дадеме во утринските часови. Се јавив во дворците Виндзор, Сандрингам и Холирод и ги замолив да ги спуштат знамињата на половина копје. Ме загрижуваше што ќе направат во Бакингамската палата, бидејќи кралски обичај е знамето никогаш да не е на половина копје. Дури ниту тогаш кога некој од нив ќе умре, бидејќи тоа е симбол на континуитет на монархијата – рекол Арбитер.

Протоколот на погребот на Диjана, всушност, бил планиран за погреб на кралицата мајка. По веста дека Диjана загинала, луѓето почнале да доаѓаат и да оставаат цвеќе, а веќе во пет часот наутро пред палатата имало брдo цвеќе.

– Наредното утро го договоривме датумот на погребот, 6. септември, и така имавме помалку од шест дена да организираме најголем кралски настан уште од времето на венчавката на Диjана за принцот, 16 години пред тоа – раскажал Арбитер.

Поворката на Диjана го следела патот кој бил планиран за кралицата мајка, протоколот бил направен само десет дена порано, кога официјални лица од палатата оделе по истата рута планирајќи погреб во случај кралицата да умре.Никој тогаш не помислувал дека ќе ја закопуваат Диана.

Прашњето било дали треба и 15-годишниот Вилијам и 12-годишниот Хари да одат зад ковчегот, а Вилијам во почетокот одбивал да учествува во поворката.

Батлерот на Дијана, Пол Бурел и возачот Колин Тебут требало да постават мобилна мртовечница кога отишле по нејзиното тело во болницата Pitie-Salpetriere во Париз.

Најголем проблем било да се одбегнуваат фотографите, а на прозорците на собата на Диана ставиле ќебиња за фотографите да не го снимат телото.

Веста за смртта на Диана се криела од синовите кои со кралицата биле на одмор во Белморал, а ги скриле сите весници, телевизори и радија. Кога дознал за трагичната вест Хари го молел принцот Чарлс со него да оди по телото на мајка му во Париз, но тоа не му било дозволено.

Братот на Дијана, Чарлс Спенсер, сметал дека треба сам да оди зад ковчегот, но Чарлс сметал дека и тој треба да биде во поворката. Остатокот од тимот верувал и дека синовите на Дијана треба да одат зд ковчегот, но Вилијам рекол дека сака да тагува во приватност.

„Ние зборувавме дека Вилијам и Хари треба да бидат таму, но потоа принцот Чарлс, со тага, но одлучно рече: „Ма што ви е вам, станува збор за момчиња кои ја загубија својата мајка“, опишала еден разговор тогашната шефица на протколот и односи со јавност, Анји Хантер.
Пол Бурел го опишал моментот ко го презел телото на принцезата од болницата.

„Од прозорецот видовме луѓе како висат од кровот обидувајќи се да снимаат. На прозорците ставивме ќебиња, а од вентилаторите во болничката соба нејзината коса се мрдаше. Погледнав и си реков „Господе, жива е““, раскажал Бурел.

Ќе ви се допадне