(прв дел) Тајни војни кои САД ги извeде низ светот, зад грбот на Конгресот

By

Пентагон призна дека речиси илјадници војници се наоѓаат во Нигер. Претходно за ваквите факти не бил запознаен ниту Конгресот.

Бројот на копнените сили на САД во Афганистан и Сирија, всушност е многу поголем од службениот број. Американските војници се распоредени по целиот свет, тајно учествувале во вооружени конфликти и немаат намера да ја напуштат земјата.

Група од 30 војници учествувале во нигерскиот известувачки баталјон, спроведувајќи ја акцијата „чистење“ во селата Тонго Тонго, недалеку од границата со Мали.

Задачата на баталјонот во чиј состав имало осум американски „зелени беретки“, била потрага за приврзаниците на Абу Аднан Сахрауј, поранешен командант на западноафриканското „Движење за обединување и џихад“, кој им се приклучил на едниците на ИСИС во Сахара.

Во непосредна близина на селата, групата од нигерските војници упаднале во заседа и 50 милитанти отвориле оган. Загинале четворица Нигеријци и четворица Американци.

Загубата на американските војници не мина незабележано. Вдовоицата на еден од загинатите се вознемирила кога претседателот Доналд Трамп, изразувајќи сочувство, соопштил дека нејзиниот маж „знаел каков договор потпишал“. Според зборовите на таа жена, во разговорот со нејзе, претседателот не можел да се сети ниту на името на нејзиниот сопруг.

Трамп побрзал да го објави својот твит, но информацијата за тоа што навистина се случило и скандалот во врска со целата работа, веќе ги преплавија медиумите.

Војна без граница

Неколку амеркански конгресмени, вклучувајќи ги и оние кои се членови на ресорните воени одбори, признаа дека тие „немале поим“ дека американските војници војуваат во Нигер.

Еден од нив, Линдси Грахам, член на Комитетот на Сенатот за вооружени сили, изјави дека изгледа се работи за некаква бесконеча војна, и дека американските конгресмени мораат да имаат повеќе информации.

Пентагон бил принуден да принзае дека во Нигер се наоѓаат 800 американски војници. Досега за тоа воопшто не се говоорело. Потоа следеа и други шокантни цифри. Во Афганистан се наоѓаат повеќе од 14.000 војници, а не 8900, како што до тогаш се говорело. Во Сирија, каде во време на Барак Обама се говорело за 503 војници, се испоставило дека досега има 2000.

 

 

Трагедијата во Нигер потсети на слична несреќа која се случила пред 24 години, и која е позната како „Битка кај Могадиш“, потсетува Захар Артемјев, поранешен војник на Вооружените сили на САД.

За време на почетокот на ноември, 1993 година, убиени се 18 американски војници, а ранети биле 73. За Америка тоа било шок, затоа што за присуството на војниците во САД, во Сомалија во тоа време не се знаело ништо. За тој настан, режисерот, Ридли Скот, подоцна го сними и филмот „Падот на црниот сокол“, според истоимената книга на Марк Боуден.

„Мојот заповедник беше еден од оние кои го прежиивеа тој инцидент во Могадиш, и не се сеќава баш по добри моменти. Се изнаслушав такви приказни дека за две години служба додека бил ренџер, војник во елитната едница на копнените војски во САД. Такви и слични приказни потекнувале од различни делови на светот, каде очигледно биле ангажирани и американски војници, а за многумина јавноста никогаш не дознала“, говори Артемјев.

 

 

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream spongebob: Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 34 (https://wcostream.cc/m/VnkY/ep-34)

AnimeHeaven anime heaven org: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview