Првото дете во Ирска излекувано со медицинска марихуана од тежок облик на епилепсија

Првото дете на кое му е препишана медицинска марихуана во Ирска е излекувано од опасен облик на епилепсија, само пет месеци откако ја консумирал.

11-годишниот Били Калдвел од Северна Ирска е роден со тежок облик на епилепсија, облик на епилепсија што не реагира добро на традиционалниот третман на лекување.

Неговата состојба била непроменета по земањето на медицинската терапија и промената на исхраната, а еден од нападите многу лесно можел да го убие.

Неговата 49-годишна мајка, Шарлот поради тоа морала да стане куќна помошничка со полно работно време. Таа вели дека тој ја измамил смртта многупати. Го нарекла неговото оздравување неверојатно.

Били бил голема вест во април затоа што тој бил првата личност во Ирска и Велика Британија на која му била препишана медицинска марихуана за лекување. После тоа, Били немал повеќе напади.

Пред да му биде препишана медицинската марихуана во Велика Британија, тој морал да се лекува првин во Лос Анџелес затоа што состојбата била многу комплицирана. Првин примил CBD-масло, а потоа боци со разни масла од канабис од по 0,6 милиграми.

Му требале два канабидиода – CBD и THC од марихуаната. CBD-маслото смее да биде препишано од страна на лекарите во Велика Британија, пишува Naturalblaze.com.

Но, по три месеци лекување во САД, Били и Шарлот се вратиле во својот дом и кога снемале масло, мајка му го молела нивниот лекар за масло од канабис.

Били зел тетрахидроканабинолична киселина (THCA), која, кога е изложена на топлина, се претвора во психоактивна компонента на канабис.

Но, кога се дава во лековит облик и се чува од топлината, THCA нема опоен ефект каков што има пушењето на канабисот.

Били направил вчудовидувачко закрепнување од маѓепсаниот круг на напади од потенцијално фаталниот облик на епилепсија. Човек би помислил дека тоа би можело да ја убеди власта во Велика Британија да попуштат со забраната на употреба на масло од канабис, зар не?

Погрешно. Велика Британија има голем отпор кон медицинската марихуана како и САД.

Војната против дрогата истовремено ги штити лековите на рецепт, односно во случајот со Били, тоа е погубно за него. Додека Шпанија, Јужна Африка, Уругвај и некои американски држави го имаат легализирано канабисот за рекреативна употреба, канабисот за медицински цели сѐ уште е забранет во многу делови на Велика Британија и САД.

 

 

 

Scroll to Top