Пустина во Мексико каде што не работат часовниците и радиоуредите

By

Подрачјето што се наоѓа на 27. северна паралела се приклучи на листата со познати места кои кријат мистериозни тајни, како што се Бермудскиот Триаголник, пирамидата од Газа и Хималаите.

Често го нарекуваат и зона на тишината поради тоа што на ова место не функционираат часовниците и радиоапаратите.

Ова мистериозно место е со најголем број аномалии на целата планета, пишува Ancient Code.

Вџашувачката вонземска пустина се наоѓа на 2.000 метри надморска височина, а е помистериозна од што можете да замислите. Научниците засега немаат логични објаснувања за неа.

Висок мистериозен железен обелиск, висок речиси три метри, стои самостојно покажувајќи кон енигматичниот регион лоциран на истата линија поврзувајќи го со другите места преполни со аномалии, како што се славните египетски пирамиди. Иако зоната ја посетувале научници со разни специјалности, единствено што откриле се работи кои и самите не можат да ги објаснат.

На одредени места во светот часовниците не функционираат, компасите не покажуваат север, а радиоуредите не даваат звуци.

Името зона на тишината не го добила поради недостиг на звукот, туку поради феноменот од кој радиобрановите не можат правилно да го дистрибуираат. За таму да комуницирате преку радио, мора да имате многу среќа или, пак, да се наоѓате на строго одредено подрачје. Но, дури ни тогаш комуникациите не траат долго.

Иако ова подрачје се смета за фокусна точка на паранормалното, луѓето всушност живеат таму. Во зоната на тишината неколку куќи се со голема меѓусебна оддалеченост. Тоа што е уште поинтересно е дека камените куќи не содржат железо или каков било друг метален материјал, но сепак се со магнетска природа и ги привлекуваат магнетите.

Некои веруваат дека тоа се случува поради високата концентрација на железо во тоа подрачје. Одамна овој регион бил потопен под вода и голем број метеори се срушиле овде.

Овој феномен го истражувала научна екипа од градот Тореон, а утврдиле дека аномалиите се предизвикани со постоењето магнетски конус, кој предизвикува јонизација во атмосферата, која ги блокира преносите на радиобрановите.

Уште од 19 век постоеле голем број извештаи за падот на метеорите, но и за појавата на мистериозните светла поради што теоретичарите на заговор ова подрачје го нарекуваат НЛО-вител, односно можна локација каде што вонземјаните имаат свои подземни бази, пишува Ancient Code.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне