Путин и Трамп се здружуваат против Џо Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во едно од своите интервјуа го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите штетни информации кои ги има против семејството на Џо Бајден.

Експертите во САД велат дека ова е потег со кој Трамп покажува дека е подготвен да прифати помош и надвор од границите на САД, па дури и од Путин без разлика на воената агресија во Украина, за да ја зацврсти својата позиција во земјата.

Трамп во разговор за Justthenews, ги изнесе недокажаните тврдења за водењето бизнис во Украина и Русија на Хантер Бајден, синот на Џо Бајден и побара од Путин да ги објави сите информации кои ги поседува за него.

„Мислам дека Путин многу знае за тоа“, рече Трамп мислејќи на потенцијалното делување на Хантер Бајден во Русија.

„Си-ен-ен“ пренесува дека Хантер бил добро платен за консултантските работи кои ги извршувал во странските земји Кина и Украина додека неговиот татко беше потпретседател на САД. Исто така е наведено дека Министерството за правда во моментов води кривична истрага за овие работи и можните финансиски престапи.

Досега се нема појавено ниту еден доказ кој ги поддржуваше тврдењата на Трамп дека семејството на Бајден било вмешано во било какви коруптивни пракси или дека влијаеле на американската политика за лична корист.

Претседателот Бајден не бил вклучен во истрагата, додека неговиот син Хантер негирал било каква вина и рече дека ќе биде ослободен кога истрагата ќе заврши. „Си-ен-ен“ исто така потсети на кампањата на Трамп од 2016 година, кога поранешниот претседател на САД го повика Путин да го хакира мејлот на Хилари Клинтон и го искористи руското мешање во изборот за да добие предност. Три години подоцна изврши притисок на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој побара да покрене неоснована истрага за корупција против тогашниот кандидат Бајден и ја ускрати Украина за речиси 400 милиони долари воена помош под притисок. Тој настан доведе до првото отповикување на Трамп. За време на неговата кампања, тој исто така соработуваше со руски шпиони во ширењето на дезинформациите за Бајден и неговото семејство.

 

 

 

Scroll to Top