Путин лансира крипторубља и објави војна со централните банки на Ротшилд

By

Рускиот претседател Владимир Путин се одлучил на имплементацијата на националната криптовалута, која ќе го носи името крипторубља со желба за понатамошно ограничување на влијанието на глобалните централни банкарски измами во Русија.

Според „Фајненшл тајмс“, Сергеј Глазев, економскиот советник на претседателот Путин, изјавил на состанокот на владата дека криптовалутата ќе послужи како корисна алатка со цел да се избегнат западните економски санкции.

Глазев објаснил:

„Нам овој инструмент ни одговара во целост со оглед на чувствителните финансиски активности во државата. Можеме да изведеме повеќе парични трансакции со нашите договорени страни низ целиот свет, без оглед на санкциите“.

Советникот назначил дека криптовалутата ќе биде еквивалент на рубљата, но со циркулацијата што ќе биде ограничена на одреден начин Кремљ ќе ги следи нејзините потези.

Путин смета дека криптовалутата има моќ да го загрози централниот банкарски систем, кој го контролира картелот Ротшилд, и да ги преобликува финансиските пејзажи во корист на одредени поединци.

Останува сѐ уште нејасно дали криптовалутата ќе биде издадена од страна на Банката на Русија.

Пред тоа претседателот наредил неговите претставници на владата да создадат рамка за воспоставување и регулирање на дигиталната валута во Русија, потег што следувал минатото лето по состанокот со основачот на криптовалутата еthereum, Виталик Бутерин.

Во ноември 2017 година Путин и понатаму наложувал нови правила за криптовалутата вклучувајќи и регистрација во моментите на „рударење“ и примена на законите за хартии од вредност на иницијалните јавни понуди.

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, објавил во септември 2017 година дека неговиот одел ќе ја регулира употребата на криптовалути во земјата од почетокот на 2018 година.

„Нема смисла да ги забраниме криптовалутите со оглед на тоа дека тие стануваат реалност, изјавил тој.

 

 

Ќе ви се допадне

Ellcia (Dub) (https://animekisa.in/m/eyX5) Episode 4

Website https://kissanime.mx: Watch Cute Executive Officer kissanime Episode 1 kissanime free

Website https://gogoanime.be: Watch Pokémon: Black & White: Adventures in Unova gogoanime Episode 14 gogoanime boku no hero academia

WCOStream: For Almost Forgotten Stories anime episode Full online free at https://wcostream.cc watch anime

Prsync: http://prsync.com/kissanime/

Drupalgovcon: https://www.drupalgovcon.org/user/45761