Путин лично го активира најмоќното светско нуклеарното оружје „сотон 2“

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во лансирањето неколку балистички проектили од типот „сотон 2“. Некои го сметаат за најмоќното светско нуклеарно оружје.

Руската војска почнала со тестирање на моќните ракети со службено име „РС-28 сармат“, а неслужбено „сотон 2“. Таа ракета е толку моќна што може од лицето на земјата да ги избрише државите како Франција и Велика Британија. Ракетата е откриена минатата година, а сега следува тестирањето.

Ракетата е лансирана од космодромот „Плестек“, речиси 500 милји северно од Москва, објави Министерството за одбрана.

Проектилот, исто така познат под името „RS-28 сармат“, може да прелета 6.000 километри пред да ја погоди целта.

Оружјето е способно да носи 12 нуклеарни бојни глави и може да уништи цела земја со еден напад.

Три балистички ракети исто така се лансирани од нуклеарната подморница во рамките на тестирањата на рускиот нуклеарен арсенал.

Кремљ изјави дека претседателот Владимир Путин ги следел вежбите и лично учествувал во лансирањето четири балистички проектили.

Во соопштението од Министерството за одбрана стои дека е спроведена вежба за управување на стратешките сили.

Исто така, од таму додадоа: „Сите цели на воени вежби успешно се постигнати и извршени“.

Претходно овој месец Русија спроведе вежби кои вклучуваат интерконтинентални балистички проектили.

Тие маневри се спроведени за време на масовните воени вежби минатиот месец од страна на Русија и Белорусија, кои предизвикувале загриженост во некои земји членки на НАТО, вклучувајќи ги и Полска и балтичките земји.

Scroll to Top