Путин сака да ја гледа Америка како страда, затоа што таа го уништи Советскиот Сојуз

By

Новинарот Дејвид Игнашес  напишал за „Вашингтон пост“ дека Путин сака да ја гледа Америка како страда, само затоа што рускиот претседател е убеден дека најмоќната земја во светот влијаела на рушењето на неговата поранешна земја, Советскиот Сојуз.

Во својот текст тој вели дека Русија и Кина минатата недела ја искористиле неизвесната и непредвидлива ситуација што ја создаде американскиот претседател Доналд Трамп.

Не е извесно дали следниот американски претседател ќе може да ги поништи последиците од најновите случувања, кои им овозможија на претседателите Владимир Путин и Ши Џјинпинг уште повеќе да ја зацврстат контролата во нивните земји и да владеат уште поагресивно.

Не е случајно што Путин и Шји почнаа да ги спроведуваат своите цели токму во моментот кога истекува првиот, а можеби и единствен мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-ен-ен.

Од неодамна, со референдумот за уставните промени, Путин има можност да владее доживотно, додека кинескиот претседател Шји подеднакво бескруполозно, сега со посредство на националниот закон за безбедност, може да ја преземе контролата над Хонгконг.

Шји дополнително ги предупреди американските сојузници, како што се Канада, Автралија и Велика Британија, да не се мешаат во внатрешните работи на Кина.

И Путин и Шји очигледно сметаат дека во овој момент САД немаат ниту волја, ниту истрајност да се им се спротистават.

Белата куќа го потврди тоа и со тоа што строго внимаваше да не реагира недвосмилено на тврдењата дека Русија им платила на талибанците да убиваат американски војници во Авганистан, нешто што и руската амбасада во Вашингтон и талибанците го негираа.

 

Според Игнашес, ова дефинитивно е одмазда на Путин. Путин е убеден дека САД ја уништиле неговата поранешна држава Советскиот Сојуз и сака да ги види САД како страдаат.
„Путин има доволно време за да им се одмазди“, напишал тој.
Било да станува збор за одмаздата на Путин или на одлуката на Шји постепено да го прекршува и  на тој начин да го елиминира договорот меѓу Хонконг и Велика Британија, потпишан во 1984 година, и едниот и другиот очигледно сметаат дека сега е шансата за тоа.
Пред три години рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го посети Трамп во Овалната соба, само еден ден откако го смени Џејмс Коми од позицијата директор на ФБИ. Коми ја водеше истрагата за мешањето на Русија во американските избори.
Два месеца подоцна Трамп се состана со Путин на маргините на самитот Г-20, а Белата куќа таквата средба ја прогласи за голем успех, поради издејствувањето договор за прекин на огнот во Сирија.
Русија очигледно го искористила договорот за да го замрзне конфликтот, овозможувајќи му на режимот на Асад, кој Путин го поддржува, повторно да освои една по една од териториите што ги држеа бунтовниците.
Трамп можел да се побуни, да го раскине договорот и да смисли нова американска политика кон Сирија што би го ограничила растечкото влијание на Русија на Блискиот Исток, но наседна на лагата, пренесува Си-ен-ен.
Искуството, пак, на Шји со Трамп е малку поинакво. Вмешан во трговската војна, тој морал да процени што  навистина мисли зТрамп а прашањата што се однесуваат на парите, човековите права, Хонгконг и спречувањето на растот на втората светска суперсила.
На деловната вечера во Пекинг пред две години новинар на Си-ен-ен седнал покрај поранешниот кинески амбасадор. Трговијата во тие моменти идела по надолна линија, но царините на соларните панели, машините за облека, челик, сој и алуминиум биле на границата на она што Кина била подготвена да го поднесе.
Дипломатот, кој долго време живеел во Европа, тогаш изјавил јасно и гласно дека Трамп има намера да ја спречи Кина да го заземе местото кое ѝ припаѓа во светот кога е во прашање економијата на технолошки развој.
„Можам да замислам што би рекол сега, кога администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди сојузниците да не дозволат влез на 5Г-технологијата на ‘Хуавеи’ во нивните дигитални токови“, вели новинарот Ник Робертсон.
Тие сојузници сепак не се подготвени да кажат не, поради кинеското економско влијание, но и поради тоа што нивните односи со САД се нарушени.
Германската канцеларка, Ангела Меркел, исто така ја отфрлила тактиката на Трамп кон Кина, оценувајќи дека заедно 27-те членки на ЕУ имаат доволно тежина да постигнат амбициозни договори со Кина.
Прашањето за кое историчарите веројатно ќе расправаат во иднина не е дали Трамп како претседател влијаел на одлуките на Путин и Шји, туку колку неговите заблуди го промениле светот во нивна корист, заклучува Робертсон.

 

 

Ќе ви се допадне