Путин стои зад труењето на Навални

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, не се сомнева дека претседателот на Русија, Владимир Путин, стои зад неговото наводно труење. Тој вели дека 100 % е убеден во тоа и дека не се плаши од него.

„Тврдам дека Путин стои зад ова злосторство и немам ниту една друга верзија за тоа што се случи“, изјавил Навални во интервју за германски „Шпигел““.

Само дел е објавено од интервјуто, а во наредниот период се очекува целото да биде пуштено во јавност. За потсетување, на Навални му се слоши во авион додека бил на турнеја низ Сибир. Тој веднаш бил префрлен во болница во Омск, каде што паднал во кома, а потоа и во Берлин.

Германските лекари изјавија подоцна дека Навални бл отруен со пресилен нервен гас „новичок“. Навални во моментот кога нервниот гас почнал да дејствува изјавил дека не чувствува никаква болка, но дека знаел оти умира. Сега вели дека сака да се врати во Русија.

„Мојата задача е да останам бестрашен. И јас немам страв“, изјавил критичарот на Кремљ за „Шпигел“, пренесува „Ројтерс“.

Западот, како што наведува „Ројтерс“, барал објаснување од Кремљ, кој негира каква било вмешаност во инцидентот.

 

 

Scroll to Top