ПУТИНОВИОТ МОСТ И МЕГАПРОЕКТ за кој сонувале нацистите и Сталин, конечно ќе се оствари

By

Руските инжинери завршија клучната задача во изградбата на мостот кој ќе ја поврзува Русија, со полуостровот Крим, кој Кремљ со анексијата, го одзема од Украина во март 2014 година, по завршувањето на демократскиот референдум, пишува дописникот на Гардијан од Москва, Шаун Волкер.

Овие денови стотина работници го завршија монтирањето на 6000 тони тешките лакови на мостот преку кој ќе минува железничка пруга, која ќе биде на висина од 35 метри над нивото на морето.

Кога мостот ќе биде готов, ќе биде долг 19,3 километри, и се очекува да автомобилскиот промет биде отворен следната година, а за железницата ќе се чека до 2019 година.

Токму поставениот лак за железничкиот дел од прометот, е долга повеќе од 200 метри, а доволно висока да под неа минуваат бродови. Следниот месец треба да се доврши и сличниот лак за патниот дел од прометот.

Се разбира, ова се средишните делови од многу комплексниот мост кој ќе има четири ленти за патниот промет и две за железничкиот. Вкупниот трошок за изградба се проценува на речиси 4 милијарди долари, а кога ќе биде завршен, тој ќе биде најдолгиот во Русија.

За изградба на овој мост, сонувал и архитектот на Хитлер, Алберт Спир, а за истиот сонувал и Сталин, по Втората светска војна. Но, неговата градба беше запечатена дури по анексијата на Крим, со која Русија експресно го завзеде полуостровот од раката на украинската власт, оправдувајќи ја со вољата на народот на Крим на изборите.

И покрај фактичката власт на Русија, меѓународната заедница на Крим и понатаму се смета за дел од Украина, а поради анексијата со руските компании, некои политичари воведоа разни санкции од 2014 година, до денеска.

Како што Русија нема копнени врски со Крим, единствениот начин на патувања на полуостровот е или воздухопловна или траекторија преку теснецот Керч, каде лошото време често знае да го запре прометот.

Се на се, мостот преку овој теснец е клучен за Русија од две причини. Прво, да симболичн се поврзе полуостровот со копнените „матични“ држави (јасно, од руска перспектива, не од украинска, или оние другите меѓународните фактори). Второ, да се подобри поврзаноста меѓу Крим и Русија, и да се забрза протокот на луѓето и робата кон полуостровот и од него.

Конструкцијата ќе ја надгледува милијардерот Аркадиј Ротенберг, добар пријател и партнер на рускиот претседател Владимир Путин, инаку сопственик на SMG групата, која обино ги гради плиноводите и нема искуство со градењето на овој мост.

Што, јасно, не беше пречка за Путин, да лидерот на Русија, сеедно му ја додели градбата на овој свој мега проект. Самиот Ротенберг изјави дека „проектот не го прави само поради парите, туку сака да остави нешто и за идните генерации“.

 

Ќе ви се допадне