Ракот кај луѓето се појавува поради два производа што ги консумираме во нашето секојдневие

By

Германски научник и добитник на две признанија Нобелова награда во подрачјето на физиологијата, Харалд цур Хаузен, предупреди дека слабо проучен вирус, кој се наоѓа кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето!

„Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци што одат во прилог на оваа хипотеза. Но, ова допрва треба да се потврди“, вели Харалд.

И други научници претходно предупредувале дека консумирањето на црвеното месо (говедско, телешко, коњско, овчо, свинско) го зголемува ризикот за добивање колоректален рак.

Но, Харалд тврди дека опасноста не доаѓа само од говедското месо, а колку и да изгледа тоа неверојатно, тој вели дека тоа може да се добие и од кравјото млеко!

„Традиционалното објаснување е поврзано со подготовката на месото на скара, од каде што се изведени тврдењата дека тоа доведува до формирање канцероген“.

Оваа теза губи од својата моќност поради тоа што ист таков канцероген се формира и во моментите на пржење риба и пилешко месо, а никој не смета на тоа дека употребата на месо од животни и риби со подолг животен век го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево“, нагласува научникот.

Тој во своите истражувања особено става акцент на фактот дека во Монголија се јаде многу црвено месо, но дека ракот на дебелото црево се случува крајно ретко. Ист е и случајот во Индија каде што говедското од верски причини, всушност, никогаш не се јаде.

Харалд укажува дека нивото на колоректалните заболувања од рак наеднаш се зголемило по Втората светската војна. Тој е уверен дека тоа најдиректно е поврзано со тоа што во тие земји во тој период популарен станал извозот на говедско месо.

Германскиот научник додава дека во наведените азиски земји многу ретко се среќава рак на млечните жлезди затоа што во тие земји минимално се користат во прехраната и кравјото млеко и млечните производи.

Хаузен во последниот број на научното списание International Journal of Cancer објави дека ги проучувал примероците од крвта и млекото кај кравата и дека во нив се откриени елементи на ДНК кои може да му припаѓаат на непознат вирус, кој би можел да биде причина за ракот.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee: Black Jack: Karte NG Extras anime episode Full online free at https://animebee.to anime to watch

AnimeDao: Fighting Spirit (Dub) anime episode 75 online free at https://animedao.nl watch anime dub

Website https://animefreak.ws: Watch Sakura Taisen: Ouka Kenran animefreak Episode 4 watch anime free

Tickaroo: https://www.tickaroo.com/user/60dc2bc92d640203806eacf6

Knowyourmeme: https://knowyourmeme.com/users/anime-freak