Расната дискриминација и антиимиграционата политика на САД врз преживеаните Кинези од Титаник, се претставени во новиот документарец „Шестмината“

By

Нов документарец „Шестмината“, кој премиерно е прикажан во Кина, ја открива вистинската приказна за преживеаните шестмина Кинези од потонувањето на Титаник, една од најголемите катастрофи која се случила минатиот век, а која однесе повеќе од 1000 животи.

Кога Титаник потонал во април 1912 година, илјадници луѓе завршија во ледената вода. Еден од чамците за спасување на потонатиот брод, се вратил да ги бара преживеаните. Во темницата, тие откриле млад Кинез, кој грчевито се борел за живот, држејќи се за една дрвена врата.

Тој целиот се тресел од студената вода и едвај останал жив. Неговото име било Фанг Ланд, еден од шестмината Кинези кои го преживеале потонувањето на Титаник. Токму неговото спасување послужило како инспирација за холивудскиот блокбастер.

Но, како што пренесува „Би-би-си“, нивното чудесно преживување, тука не завршиле нивните маки. Во рок од 24 часа, откако стигнале на островот Елис во Њујорк, тие веднаш биле протерани од државата на основа на контроверзниот закон, кој забранувал имиграција на Кинези во САД.

Шестмината мажи, целосно биле избришани од историјата, сè до сега. Минаа 109 години од бродоломот, а дури сега во документарниот филм „Шестмината“, кој премиерно е емитуван во Кина, луѓето можат да дознаат повеќе за овие лица и нивните судбини.

Во филмот е раскажана приказната која се крие зад Титаник, приказната за расната дискриминација и анти имиграционата политика, која сега е особено во фокусот на јавноста, поради сè поголемото насилство над Азијантите во САД.

Ли Бинг, Фанг Ланг, Чанг Чип, Ах Лам, Чунг Фу и Линг Хи, се шестмината Кинези, кои биле спасени од студениот океан по потонувањето на Титаник. Се верува дека тие биле морнари, кои се тргнале на пат за Карибите, за да работат таму.

„Како групата биле малку познати“, вели Артур Џоунс, режисерот на филмот „Шестмината“.

Нивните имиња биле на списокот на патници, а се споменува и во новинарските текстови во кои се известувало за Титаник. Сепак, за разлика од останатите преживеани, кои се прославиле во медиумите, овие момци, според мислењето на историчарите, биле оцрнети.

Тоа било така поради антикинското расположение на Западот, кое било актуелно во 20. век. Во извештаите кои се напишани неколку дена по трагедијата, во Brooklyn Daily Eagle, преживеаните од Кина, биле нарекувани како суштества, кои се фатиле за чамците за спасување, на првиот знак на опасност и дека се сокриле под седиштата за патниците.

Според истражувањата кои биле правени за документарниот филм, докажано е дека овие тврдења не биле вистините. Направена е реплика од чамците за спасување на Титаник и било утврдено дека било невозможно Кинезите да се сокријат на начин на кој било прикажано.

„Мислам дека со истото се соочуваме и денес“, изјавил Џоунс.

Други медиуми ги обвиниле шестмината Кинези дека се облекле како жени, за да се стекнат со предност да влезат во чамците за спасување. Тим Малтин, историчар кој ја истражувал несреќата за Титаник, вели дека не постојат докази дека преживеаните од Кина биле слепи патници, ниту пак дека се пресекле во жени.

„Ова се приказни кои ги измисли печетот и јавноста по потонувањето“, изјавил Малтин за „Би-би-си“. Гласините можеби произлегле од стигмата поврзана за големиот број мажи кои го преживеале потонувањето на Титаник, затоа што во тоа време јавноста сметала дека жените и децата требало да бидат приоритет во спасувањето.

Малтин е убеден дека Кинезите се обиделе да им помогнат на другите преживеани. Фанг Ланг, млад човек кој грчевито се држел за дрвената врата која пловела во водата, подоцна веслал во чамецот за спасување и им помогнат на преживеаните да се префрлат на безбедно.

Откако стигнале на американско тло, на Кинезите не им било дозволено да останат таму. Тие биле префрлени на Куба, од каде нашле начин да се вратат во Велика Британија, каде имало недостиг на морнари, затоа што британските морепловци заминале во Големата војна.

Чанг Чип по трагедијата се разболел и починал од воспаление на белите дробови. Тоа се случило во 1914 година. Тој бил погребан на необележан гроб во Лондон.

Останатите работеле заедно во Британија, сè до 1920 година, сè додека во земјата не почнала да се чувствува повоена депресија, сè повеќе нетрпеливост меѓу доселениците.

Неколку од нив се ожениле со Британки и добиле деца. Но, сè поголемата нетрпеливост кон доселениците, ги приморала за кратко време да ја напуштат земјата и да ги остават своите семејства.

„Тоа не била нивна вина. Сите тие семејства беа растурени поради политиката. Тие не можеле да имаат било какво влијание на тоа“, изјавил Џоунс.

Ах Лам е депортиран во Хонгконг, а Линг Хи се качил на брод за Калкута. Ли Бинг емигирал во Канада, додека Фанг Ланг со години пловел од Британија до Хонгконг и назад. На крајот станал државјанин на САД, земјата која прво го протерала.

Неговиот син Том Фонг е роден во Милвоки, речиси 50 години откако Титаник потонал. Том со децении не знаел ништо за искуството на татко му во Титаник.

„Никогаш не зборуваше за тоа, ни на мене ни на мојата мајка“, вели Том Фонг.

Фанг Ланг починал во 1985 година, на деведесет годишна возраст. Дури 20 години откако Фанг починал, Том дознал дека неговиот татко успеал да преживее по потонувањето на Титаник.

Се верува дека неговиот татко молчел поради траумите кои ги доживеал и стравот од јавноста.

„Се кроеја приказни дека тие се криеле под седиштата во чамците, дека се облекувале како жени. Таквите приказни отсекогаш кружеа во јавноста“, вели Том.

Откако еден тим инспириран од документарецот, кој се занимавал со истражување на Титаник, ги пронашол семејствата на преживеаните Кинези, многумина од нив сакале да ја раскажат животната приказна за своите предци, токму поради стигмата која ја следеле нивните најмили пред 100 години.

Иако пораснал во Висконсин, Том Фонг, многу патувал и гледал како неговиот татко мора да се бори против расизмот. Еднаш забележал како татко му удира човек кој го нарекувал со погрдни имиња.

„Мојот татко беше вистински господин, но, само до моментот додека не увиди дека некој го дискриминира поради неговото потекло“, вели Том.

Поминале повеќе од 100 години, но, непријателството кое шестмината преживеани Кинези од Титаник, го почувствувале и понатаму е присутно во САД. Поради пандемијата, за која се верува дека потекнува од Кина, само минатата година биле забележани повеќе од илјадници напади на Азијците.

Том Фонг затоа одлучил да ја раскаже приказната на татко му. Тој се надева дека неговите зборови може да одекнат во јавноста и верува дека приказната за преживеаните Кинези од Титаник, влијае на сето она што денес се случува.

„Доколку не ја познавате историјата, таа може да се повтори“, убеден е Фонг.

 

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime gogoanime attack on titan: Watch High School DxD Episode 1 (https://gogoanime.be/m/yez/ep-1)

AnimeHeaven anime heaven anime: Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 47 (https://animeheaven.pro/m/NAXk/ep-47)