Расте светскиот финансиски балон, се заканува голема експлозија

Главните причини за новата економска криза, која е неизбежна, ќе бидат речиси идентични како оние кои ја предизвикаа кризата во периодот од 2007 до 2008 година.

А тоа не е никаква случајност или грешка туку сценарио смислено од страна на луѓето во „Вол стрит“, кое на мал број луѓе им донесе незамисливо богатство, но сиромаштија за милиони луѓе во светот.

Речиси незабележано минала веста од пред неколку дена дека германскиот министер за финансии во заминување, Волфганг Шубле, предупреди дека поради растот на јавниот и приватен долг и лошите кредити, во светот би можела да се случи уште една финансиска криза.

Во интервјуто за „Фајненшнл тајмс“, тој укажал на формирањето нови пазарни балони поткрепени со пари кои централните банки ги „фрлиле“ во економијата.

Волфганг практично само се приклучи на неодамнешната оценка на нобеловците дека новата светска финансиска криза е неизбежна.

За разлика од шефот на американските федерални резерви, Џенет Јелен, кој на крајот на јуни изјави дека „за нашите животи повеќе нема да има финансиска криза“, 18 добитници на Нобелова награда за економијата сметаат дека на светот му се заканува нова финансиска криза како онаа од 2008 година. Меѓутоа, мислењето на Јанет Јелен не го дели и шефот на ММФ, Кристин Лагард, кој, сепак, не ја исклучува новата светска криза.

На традиционалниот годишен собир на светските нобеловци и економисти, кој на крајот на август беше одржан во германскиот град Лундаи, Американецот Даниел Мкфаден објасни:

„Ние денеска немаме инструменти со кои ќе ја надгледуваме и регулираме нестабилноста и ќе управуваме со неа. Поради тоа новата финансиска криза едноставно е неизбежна“.

Нивната црна прогноза дојде само десет дена по сличната оценка на Стив Кин, економист од Универзитетот Кингстон во Лондон, кој беше еден од оние кои ја предвидоа големата светска економска криза од 2007 до 2008 година.

„Уште една финансиска криза би можела да биде многу блиску ако не се усвои поинаков пристап. Премногу сме насочени на државниот долг, но вистинскиот проблем е оној приватниот“, објасни Кин.

Дали светот денеска е забавен со крупни политички теми и конфронтации, па го преспа првото недвосмислено предупредување поради кое повторно би можел да биде неподготвен за новите предизвици како оние од 2008 година? Зошто тоа ни се случува, што е направено погрешно?

Тоа на што предупредува министерот Шубле и групата угледни економисти и нобеловци се нестандардни мерки на монетарната политика, квантитативното олеснување, кое подразбира големо вбризгување на ликвидноста во финансискиот систем на одредени земји.

Последицата од тоа печатење пари кои Европската централна банка секој месец ги откупува на почетокот, прво од државните обврзнички членки на еврозоната, а потоа и компаниите, со цел да ги испумпа средствата во нивните финансии и на тој начин да ја поттикне економијата, го прави со цел да доведе до вештачко рушење на каматните стапки.

Тоа носи голем ризик одредени средства да добијат нереално високи вредности, а тоа е она што се нарекува финансиски балон кој може да се појави во подрачјето на недвижности, во подрачјето на акции на берзите или други финансиски имоти. А како резултат на наглиот пад на нереалните вредности на тие имоти, доаѓа до пукање на финансискиот балон. Токму така почна и претходната светска економска криза.

Експанзивата на монетарната политика, која е спроведена со цел да се дојде до економска активност, не донесе доволен раст на реалната економија. Растот на приватниот и јавен долг не е толку страшен ако во исто време имате значително поголем раст на економијата, Но, тоа го нема во доволна мера, особено во еврозоната, напоменува тој.

Проблемот е што реформскиот процес не е завршен, проблем е што имате потенцијал за креирање нови финансиски балони, и проблем е што реалниот сектор не расте доволно динамично, особено во Европската Унија.

Намалениот ризик од избивање нови кризи би помогнало доколку најзначајните земји на светот, најверојатно собрани во Г-20, се договорат законски да го уредат подрачјето на глобалната регулација, но и супервизиите на функционирањето на финансиските системи.

Главните причини кои се неизбежни за новата економска криза ќе бидат речиси идентични како оние кои ја предизвикаа кризата во периодот од 2007 до 2008 година.

А тоа не е никаква случајност или грешка туку сценарио смислено од страна на „Вол стрит“, кое на мал број луѓе ќе им донесе незамисливо богатство, но сиромаштија за милиони луѓе во светот.

Тоа раслојување на големите богатства во современиот капитализам не е засновано на економски параметри, продуктивност, инвентивност, знаење, туку на фактот дека системот е поставен така што „капиталот го победува производството“.

Втората причина за кризата од 2007 до 2008 година, која не е отстранета, е огромниот глобален долг, кој ја проби границата од 300% од глобалниот БДП, а што е неодржлив според сите економски параметри. Сите држави се должни денеска повеќе отколку што беа пред кризата во 2008 година, и тоа не е проблем само со јавниот долг, односно со долгот на државите. Приватниот долг на граѓаните и компаниите веќе до таа мера е извесен што е невозможно да се врати.

Познатата финансиска куќа, холандската групација за банкарство и осигурување ИНГ, објави дека вкупниот глобален долг на државата, населението и компаниите на крајот на 2016 година пораснал на најмалку 300.000 милијарди долари, не сметајќи го долгот во таканаречените небанкарски финансиски институции, како хеџ-фондовите, осигурителните компании, приватните фондови, капитал и брокерите.

Нивниот долг се проценува на цели 100.000 милијарди долари. Овој банкарски систем во сенка главно е нерегулиран, но законски е несанкциониран и затоа многукратно е поризичен од регуларниот поради ризичната деловна филозофија на заемодавците на овие средства.

Третиот важен причинител на кризата е што долгот расте по зголемена стапка од растот на економијата.

Финансиската дерегулација е „посилна“, а полната каса по глобалниот пазар очигледно нема намера да контролира толкав виртуелен капитал. Пред десет години и светската криза и финансиските инженери се занимаваа со истиот бизнис (измама) преку кој  повторно ја вовлекуваат целата глобална економија во нова криза.

 

 

 

Scroll to Top