Ред Хот Чили Пеперс имаат нова песна и албум

Познатата група „Ред Хот Чили Пеперс“ објавија нова песна Black Summer, за која рекоа дека ќе се најде на нивниот 12 албум наречен Unlimited Love. Албумот го најавија за 1 април.

„Нашата единствена намера беше да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме. Поминавме денови, недели и месеци слушајќи се, слободно компонирајќи, свирејќи и аранжирајќи”, рекоа од бендот.

 

Scroll to Top