Тим на германски и швајцарски научници од швајцарскиот универзитет „Сент Гален“, во својата студија објавена во публикацијата PlOS one, откриваат дека загриженоста на луѓе е причината зошто за време на пандемијата се купувало огромни количини на тоалетна хартија.
„Луѓето кои повеќе чувствуваат дека се во опасност, чувствувале дека имаат потреба да се снабдат со повеќе тоалетна хартија“, напишал тимот предводен од Лиза Герба.
Научници, од универзитетот Мунстер и институтот за еволуциона антропологија Макс Планк, во Лајпциг, дошле до заклучок дека, паничното купување може да се припише како поединечна особина.
„Луѓето кои генерално се грижат премногу и кои се плашливи, повеќе чувствуваат дека се во опасност и затоа сакаат да се снабдат со повеќе тоалетна хартија“, напишале авторите во студијата.
Произведувачите изјавиле дека продажбата на тоалетна хартија, на почетокот на пандемијата, скокнала за 700%, но не знаат каде завршилца целата таа хартија.
Авторите објасниле дека нивната студија се однесувала само на околу 12% од луѓето, кои ги промениле своите навики на купување на тоалетна хартија.
„Субјективната закана која ја претстави Ковид-19, беше важен потик за акумулација на тоалетната хартија. Но, сеуште сме далеку од тоа во целост да го разбереме овој феномен“, напишале авторите.
Истражувачите анкетирале повеќе од 1000 возрасни личности од 35 земји за својата студија. Прашањата се однесувале на каратерот, проценката на ризикот од коронавирусот и купувањето на тоалетната хартија.