Рокфелер: Ако сакаме да го уништиме исламот, треба да почнеме од Турција

Изјавите на „филантропот“ Давид Рокфелер, еврејски банкар и претприемач  од Америка, кои всушност претставуваат историски факти, повеќе или помалку ги знаеме сите. Во неговото интервју за турски „haberiumturk.com“, тој вели:

„Турците долг период се бореле против комунизмот. Во 1950 година во Турција, благодарение на нашата помош, на на власт дојде Аднан Мендерес. Всушност, на самиот почеток Мендерес воспостави многу добар дијалог со нас. За возврат, помошта што му ја дававме во текот на изборната кампања тој ја земаше редовно со задолжение да вложи одредени средства како инвестиции во државата“.

Но, поради непланско вложување на позајмени пари, кога дојде денот за наплата, наместо да го плати долгот, беше принуден повторно да се задолжува. И така секој пат од почеток. За возврат, ние од него баравме да дозволи влез на странски капитал, а за нашите фирма да додели посебни концесии и привилегии. Со други зборови, баравме од Мендерес прифаќање програма слична на онаа што доведе до капитулација на Османлиското Царство, на што ни одговори дека тоа никогаш нема да го прифати и почна да се одалечува од нас.

Иако не сакавме, сепак, организиравме државен удар и во тој налет Мендерес  беше погубен заедно со своите колеги. Преживеа само Џелал Бајар затоа што бил масон и затоа што папата Ронкали (Џон XXIII) го побара тоа.

Државниот удар во 1980 се случи по наша наредба   

Државниот удар во 1980 година во Турција се случи по наша наредба. Во тоа време на власт доаѓаа час левичарите, час десничарите, и тие водеа државна економска политика каква што ние сакавме. Но, американскиот и европскиот пазар се заситија и дојдовме во позиција да не можеме да продаваме доволно стока. Поради сето ова,  врз Турците,  другите земји од третиот свет и врз неразвиените земји го применивме нашиот план и од нив побаравме таканаречена слободна трговија и слободен увоз на стока. Навидум го прифатија нашиот предлог, но во реалноста се развлекоа со конкретни чекори.

Над илјадници млади Турци ги дадоа своите животи за лажна идеологија

На крај  проблемот се обидовме да го решиме според принципот на Ордо Аб Чаос.

Значи, прво да создадеме хаос, а потоа да воспоставиме ред. Нашите провокатори почнаа со конфликти меѓу десничарските и левичарските идеологии. Всушност, откако првично ја одобривме војната на Кипар, воведовме  ембарго така што кај народот се прели чашата  и државата западна во криза. Не можеше чесно да се купи ниту масло ниту сол.

И додека профитерите и трговците се богатеа, народот западна во голема беда. Така што провокаторите кои ги испративме немаа тешка задача да го заведат народот. Народот се подели на десничари и левичари и почнаа конфликтите. Немирите беа проширени во толкава мера што секој ден на  улиците гинеа по 50-60 луѓе во меѓусебни конфликти. Целата држава живееше во страв од тероризмот. Беше воведен полициски час и луѓето не смееја навечер да излегуваат надвор.

Во секој момент некој лудак можеше да земе некого на нишан и да го убие. Над илјадници млади Турци го дадоа својот живот за лажна идеологија. Властите се менуваа како на лента, но никој од нив не можеше да ги спречи немирите. По тоа, се случи државен удар и немирите прекинаа. Народот виде спас во овој удар затоа што дојде крај на теророт и спокојот се врати во државата. Всушност, задачата на нашите провокатори е завршена, и тие се тргнати од сцената. Играта што овде ја игравме всушност го доведе народот во безизлезна состојба и во истата таа безнадежна состојба ние им нудиме „спасители“.

Продолжува:

 

 

 

Scroll to Top