Русите ја открија играта на Германците, во случајот со труењето на Навални

By

Русите успеале да ја откријат играта на Германците кои ја водат во случајот со отруениот руски опозиционер Алексеј Навални, пишуваат светските медиуми. Од Кремљ велат дека нивните луѓе и специјални доктори веднаш биле подготвени да му помогнат на Навални по труењето во Омаск.

Постапките на Германија во ситуацијата со Навални биле до таа мерка организирани, што во јавноста покренаа низа на прашања, а меѓу останатото и тоа дали целата работа била изрежирана, соопштиле од руското Министерство за надворешни работи.

„Постапките на Германија беа до тој степен организирани, што покрена низа на прашања во врска со тоа дали имаме работа со една местенка на тема мистична примена на хемиско оружје, но овој пат не во Сирија и Велика Британија, туку кај нас во Русија“, е наведено во соопштението.

Руската страна истакнува дека низата на околности сугерира на такво размислување.

„Германците на највисоко ниво веднаш беа подготвени да го однесат Навални на лечење во Берлин. Присуството на претставник од Бундесверот во моментите на неговиот транспорт и специјалните воени возила, вклучувањето на највисоко военото политичко раководство во ситуацијата и прогласувањето на пациентот за нивен гостин. Сите овие прашања во делот на организацијата се дел од планот на политизација на овој инцидент со јасна цел. Да се обвини Русија за кршење на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје“, стои во соопшнието од руската страна.

Исто така се наведува фактот дека германската страна ги сокрила податоците за шишето со наводните траги од отровот, кое е земено од хотелот во Томск. Тоа говори за политичката позадина во приказната со Навални.

Според наводите на руското Министерство, таквите докази, се многу сомнителни од правна точка.

Но, целата работа е изведена аматерски, гледано од точка на хемијата и токсикологијата, се додава во соопштението. Сите соработници на Навални, претставници на Бундесверот и германските лекари биле без заштитни средства кои во такви случаи се неопходни.

Фактот дека луѓето од опкружувањето на Навални, кого наводно го отруле, се неповредени, е неверојатна работа, која се граничи со фантастика, смета руската страна.

„Постојат прашања во врска со фактот дека луѓето кои биле во опкружувањето на отруениот Навални во хотелот, на аеродромот и во авионот се чувствуваат сосема нормално, иако, според логиката и тие би требало да бидат сериозно повредени. Но, тоа не се случило. Според германската страна тоа е резултат на среќни околности. Со еден збор, секаде се случувале чудни работи кои се граничат со фантастика“, велат Русите.

Во соопштението се наведува дека подготвителните мреки, кои ги превземал Техничкиот секретаријат OZHO и контактот со Берлин за Навални, покажува пристрасност на секретаријатот.

„Во ваквата ситуација крајно сомнителна е улогата на Техничкиот секретаријат OZHO. Особено внимание привкелува тоа што генералниот директор Ф. Ариас на 3. септември примил од германската страна информации за наводно труење на Навални. Техничкиот секретаријат превземал некои од подготвителните мерки во очекувања за барањата на Германија и биле во постојан контакт со Берлин“, е наведено во соопштението.

Во такви околности, отворено се разоткрива пристрасноста на Техничкиот секретаријат, кој е во контакт со претставник на Русија, а истовремено OZHO ја крие својата активна интеракција со Берлин.

Се истакнува дека секретаријатот и давал техничка помош на Германија во случајот со Навални, без соодветни овластувања.

„Давајќи на германската страна техничка помош, предвидена во параграфот 38. е) член VIII од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, во рамките на наводното труење на Навални, Техничкиот секретаријат излегол од рамките на својот мандат. На Берлин не му била потребна помош од OZHO, во анализирањето на примероците во лабораториите кои ги одобрила организацијата, што германската страна го покажала, кога се им се обратила на Франција и Шведска, без никакво посредување на OZHO“, се истакнува во соопштението на Русија.

Исто така се наведува дека Техничкиот секретаријат немал право, без согласност на Русија да ги обелодени информациите за давање на техничка помош на Германија.

 

Ќе ви се допадне