Руски дипломат се фрлил од прозорец од амбасадата во Берлин

Руски дипломат бил пронајден мртов во Берлин. Според некои наводи тој се фрлил од прозорец од зградата во која се наоѓало руското претставништво, пренесува „Раша тудеј“. Полицијата го нашла телото пред руската амбасада во Берлин, во петокот утрото.

Според некои извештаи на медиумите, мажот паднал од прозор, а како што пишува списанието „Дер Шпигел“, станува збор за 35-годишен секретар кој работел во амбасадата.

Неговото тело било пронајдено уште на 19 октомври, а руската амбасада во Германија објавила кратко соопштение во кое навела дека нема да го коментираат трагичниот настан од етички причини.

Scroll to Top