Руски космонаут го заборавиле во вселената, кога се вратил на Земјата, неговата држава се распаднала

Рускиот космонаут Сергеј Крикаљев бил заборавен во вселената. Тој минал повеќе од осум месеци на руската вселенска станица „Мир“, а кога се вратил на Земјата, неговата држава се распаднала.

Во 1991 година бил испратен во вселенска мисија која требало да трае само пет месеци. Сергеј заглавил во вселената 311 дена.

Поради проблемите во Советскиот Сојуз и недостигот на пари, не можел да се врати во планираното време. На крајот го заменил Германецот Клаус Дитрих. Германија ја платила неговата карта за во вселената која вредела 24 милиони долари. Сергеј конечно можел да се врати дома.

Целата приказна почнала на 9. мај 1991 година, кога Сергеј бил лансиран во вселената. Бил испратен на петмесечна мисија на советската вселенска станица „Мир“. Во јануари 1992 година, останал во вселената повеќе од осум месеци и не знаел кога ќе се врати назад.

Сергеј бил инженер. На станицата „Мир“ стигнал со британската астронаутка Хелен Шарман и Антоли Павловиќ Артсебарски кој таму останал само пет месеци. Шарман пак која спроведувала експерименти, останала само осум дена на „Мир“.

Сергеј и Артсебарски на крајот останале сами во вселенската станица, а Шерман се вратила на Земјата. Двајцата добро го искористиле времето во вселената. Спровеле бројни научни експерименти и доработки на самата вселенската станица.

Сепак настаните кои се случувале доле во СССР, на Земјата, го довеле во прашање датумот на нивното враќање. Животот на „Мир“, бил планиран за шест лица. Но, обично таму живеат тројца космонаути во исто време, затоа што просторот е многу тесен.

На станицата 16 пати го гледале изгревањето и заоѓањето на Сонцето. Морале и да ги затемнуваат прозорите за да направат да им изгледа како ноќ, за да можат полесно да заспијат.

Обично се буделе околу 8:00 часот утрото според московската временска зона. Откако ќе доручкувале се подготвувале за работа. Тоа обично траело околу неколку часа. По 13:00 часот ручале, а потоа вежбале. По вежбањето вечерале, па пак одморале.

На 26. мај 1991 година сите се вратиле на Земјата, освен Сергеј и Артсебарски. За тоа време, Артсебарски направил шест вселенски прошетки и поминал повеќе од 33 часа надвор од станицата. Во октомври требало да дојде екипаж кој ќе ги замени.

Но, инженерот кој требало да го замени Сергеј, немал доволно обука за да престојува во вселената. Поради таквата ситуација, во јули, Сергеј се согласил да го продолжи својот престој на станицата „Мир“. Екипажот кој бил испратен за помош полетал во октомври 1991 година.

Но, не за да го замени. Новите тројца космонаути биле командантот Александар Волков, австрискиот научник Франц Вибек и Токтар Аубакиров од Казахстанската Советска Социјалистичка Република.

Наводно, австриската влада им платила на Русите 7 милиони долари за да го испратат Вибек на руската вселенска станица.

На 10 октомври, Вибек, Аубакиров и Артсебарски се вратиле на Земјата. Волков и Сергеј останале сами на станицата. Настаните во СССР го комплицирале нивниот престој. Во август, само месец дена откако Сергеј се согласил да ја продолжи мисијата на „Мир“, почнал распадот на СССР.

Советските власти се согласиле да испратат државјани од Казахстан во „Мир“, во обид да го задржат Казахстан во своите граници. Токтар Аубакиров бил избран за таа мисија и стигнал на 2, октомври 1991 година. Неговиот престој на станицата бил краток.

Тој отишол на местото на искусен космонаут кој требало да го замени Сергеј. Русинот бил под голем притисок, а ситуацијата во СССР доле на Земјата само се влошувала. Покрај тоа што бил под притисок да ја продолжи првичната мисија, не му бил кажан датумот за враќање на Земјата.

Во 2016 година, Сергеј за „Дискавер“, признал дека неговото време минато на „Мир“ му било стресно. Бил под голем притисок затоа што не знаел колку време ќе остане на руската станица.

Не разбирал што се случува доле на Земјата. Постојано му одговарале дека нема доволно пари за да се врати на Земјата. Контролата на мисијата постојано му говорела да се стрпи уште малку. И по месец дена по планираното време на станицата, Сергеј постојано ги добивал истите одговори.

„Ќе ме советуваа да се стрпам затоа што нервозата ми штетела на здравјето, дека СССР била во тешкотии и дека главен приоритет било да заштедат пари“, рекол Сергеј.

„За нас тоа беше сосема неочекувано. Не разбиравме што се случуваше доле. Кога ќе разговарав со командата доле, се обидувавме да сватиме како целата таа ситуација ќе влијае на вселенската програма“, додал космонаутот.

Бил загрижен и за сопственото здравје ѝ се плашел дали ќе има доволно сила да издржи на станицата. Дали ќе може да се прилагоди за подолгиот престој и дали ќе може да ја заврши програмата. И самиот почнал да се сомнева дека можеби нема да може да го издржи тој терет.

„Вашингтон Пост“ во 1992 година ја објави неговата приказна под името „Оставени во вселената: бесконечната орбита на космонаутите“. Во тој момент, Сергеј кружел околу Земајта девет месеци.

Покрај стресот што бил заробен во вселената, Сергеј не заработувал пари како порано. Заработувал само 500 рубљи месечно, околу 2,50 долари. На крајот, тимот кој требало да го замени тргнал на пат.

Сергеј и Волков конечно можеле да се вратат на Земјата на 25 март 1992 година. И двајцата безбедно стигнале и слетале во Казахстан. До тогаш, Сергеј ја обиколил Земјата најмалку 5000 пати. Во вселената останал 311 дена, што до тој момент бил светски рекорд.

За да се врател безбедно на Земјата, Германија платила 24 милиони долари за да ја купи картата за Клаус Дитрих Фладе, кој бил негова замена.

Тогаш медиумите соопштија дека Сергеј конечно се вратил дома. Бил блед како брашно и испотен како грутка влажно тесто. Но, сепак неговите колеги велат дека не бил лош, со оглед на тоа дека заглавил во вселената преку 300 дена.

Во 1994 година, Русија лансираше нова ракета, на која повторно бил Сергеј. Американецот по име Роберт Кабан и Сергеј биле првите двајца астронаути кои се качиле на Меѓународната вселенска станица во 1998 година. Тој се вратил на вселенската стница уште двапати.

Во 2005 година на неа остнаал шест месеци. Сергеј поминал вкупно 803 дена во вселената и бил на шест различни мисии сè до неговото пензионирање. Продолжил да работи како директор на вселенските летови со човечки екипаж во руската државна вселенска агенција „Роскосмос“.

 

 

 

 

 

Scroll to Top