Доранте Дај тврди дека е син на кралот Чарлс и Камила, бара да направи ДНК-тест

Повеќе од една деценија кралското семејство е под медиумски и правен притисок, зад кој стои 56-годишниот Сајмон Доранте Деј. Смртта на кралицата Елизабета повторно покрена стари теми, а еден од најголемите е Сајмон, кој тврди дека е син на принцот, сега крал Чарлс и Камила Паркер Боулс.

Имено, Доранте тврди дека тој е плод на нивната љубов која датира од периодот на раниот пубертет и дека бил даден на посвојување како малолетен, а потоа се преселил во Австралија и го заборавиле родителите. Не се знае точно со какви докази располага, но интересно е што судот не ги послушал неговите барања и ги одбил како неосновани.

Доранте сега бара нововостоличениот крал на Англија, Чарлс Трети, да даде согласност за ДНК-тест, кој ќе утврди дали обвинувањата што ги упатил се основани. Зборувајќи со адвокатите, Сајмон тврди дека добил потврда дека титулата нема да го амнестира неговиот наводен татко од тестирањето.

„Адвокатите ме уверија дека статусот на монархот не може да го спречи Чарлс да направи ДНК-тест доколку добие наредба од судот. Иако има огромна моќ во неговите раце, сите мора да бидеме исти пред законот. Истото важи и за Камила“, изјавил тој за англискиот Канал 7.

„Не се плашам од нив. Можам да поместам планини ако сакам. Ме интересира само правдата”, изјавил Сајмон.

Scroll to Top