Се ближи ли крајот на светот?! – Астероид за влакно ќе не избегне во октомври

Тој на Земјата ќе се приближи на растојание, кое е приближно, девет пати поблиску од Месечината. Астероидот, кого астрономите за прв пат по пет години го забележаа со помош на ESO телескопот во Чиле, на 12 октомври ќе мине покрај Земјата, и ќе не промаши за само 44.000 километри.Астероидот 2012 TC4 има димензии меѓу 15 и 30 метри, а неговиот близок премин покрај Земјата ќе биде голема можност за астрономите да дознаат нешто повеќе за него, наведува Европската вселенска агенција.

„Малиот астероид кој ќе пролета покрај Земјата на 12 октомври ќе им даде на научниците драгоцена можност да научат нешто повеќе за неговата орбита и составот“, се наведува во соопштението.

Кога бил откриен во 2012 година, астероидот на астрономите им задал голем број на прашања. Поради големата орбита, знаеле дека нема да имаат можност да го следат пет години, и не биле во целост сигурно колку тој ќе се приближи до Земјата.

Оддалеченоста од 44.000 километри е со слична оддалеченост од најодалечениот сателит во орбитата.

Научниците истакнуваат дека астероидот со ваква големина, доколку би влегол во Земјината атмосфера, би го предизвикал истиот ефект како и метеоритот кој во февруари во 2013 година, патувал во Чељабински, пишува Б92.

„Кампањата за набљудување на 2012 TC 4 е дел од широката меѓународна иницијатива која ја предводува НАСА. Оваа кампања е сјајна можност да се спроведат меѓународните способности за пронаоѓање и праќање на објекти во близина на Земјата, како и за проверка на нашата можност за давање на заеднички одговор на реалната закана од астероиди“, наведе ЕСА.

Scroll to Top