Се одвои парче од Сонцето, а научниците смируваат и велат дека е вообичаена појава

Големо парче кое се оддели од Сонцето предизвика интерес во јавноста и медиумите. Професорот од Геодетскиот факултет во Загреб, Бојан Вршнак ја објасни причината и ја смири јавноста велејќи дека станува збор за вообичаен процес.

„Повеќето работи што еруптираат на Сонцето доаѓаат од активни области, како на пример Сончевите дамки. Станува збор за подрачја кои се наоѓаат на некои од средните географски широчини. Бидејќи циклусот на Сонцето е во пораст, сончевите дамки полека се движат кон екваторот. Потребни се 11 години да достигнат околу 45 степени географска ширина и да се најдат во близина на екваторот. Сега овој циклус завршува, па она за што се зборува во медиумите е областа каде се случува активноста. Се зборува и за поларната корона, односно просторот меѓу средните широчини и половите кои кружат околу Сонцето и ги раздвојуваат половите и долните делови“, објасни професорот.

Вршак вели дека приказните за настаните на Сонцето ги збунуваат луѓето и дека често се шират теории дека еден ден ќе бидеме изгорени од сончева ерупција.

Самата корона, односно надворешниот дел од атмосферата на Сонцето емитува рендгенско зрачање. За време на Сончевата активсност, короната е еднакво распоредена и по екваторот и по поларните подрачја, а е најизразена во подрачјето на Сончевите дамки.

„Над поларната корона има полиња кои се на почеток на нов сончев циклус. Кога ќе почнат да се спуштаат надоле, целата магнетна конфигурација на Сонцето се менува. Над сончевата корона, кон половите на север и југ има области кои се поотворени за меѓупланетарниот простор и создаваат биполарна структура на магнетното поле на Сонцето. Она што е важно е дека на сончевата корона има соларни филаменти кои се групи на плазма во сончевата атмосфера кои се поладни од сончевата корона, кој има температура од милион степени или повеќе, додека филаментите се погусти и имаат пониска температура, тие се нешто поблиску до она што го нарекуваме хромосфера, најниските слоеви на атмосферата на Сонцето. Температурите таму се 10.000 степени и густината е повисока. Сето тоа условува погустата плазма која виси во магнетните полиња, односно ја спречуваат плазмата да падне назад кон Сонцето, да не лебди како облак. Овие испакнатини се стабилни, иако кога се акумулира премногу магнетна енергија, стануваат нестабилни и еруптираат. Ова се случува поретко отколку во активните области каде што има дамки, но овие ерупции исто така може да бидат драматични и бомбастични. Затоа што се работи за големи филаменти и тоа е причината што во медиумите се зборуваше дека дел од Сонцето пукна. Тоа, се разбира, не е точно бидејќи се работи за атмосфера, а не за цврста материја“, објасни професорот Вршнак.

Извор/Б92

Scroll to Top