Семејството на исчезнатиот Емилијано Салам, собрале преку 300.000 евра и ангажирале експерти со цел да ја продолжат потрагата по фудбалерот на Кардиф. Откако во Англија потрагата во Англискиот канал била прекината, очајното семејство решиле работите да ги превземат во свои раце.
Семејството бара одговори, а единствен начин да ги добие е да го пронајде авионот. Ова го изјавил Американецот Дејвид Меарнс, морскиот биолог и специјалец во потрага по авионски остатоци.
Токму Дејвид бил ангажиран од семејството на Салам. Потрагата за пилотот Давид Иботсон и фудбалерот е прекината три дена откако нивниот авион исчезнал над Англискиот канал.
Емилијано Салам патувал од Нант во Кардиф Сити, тимот за кој потпиша договор вреден 17 милиони евра. Салам се вратил во Нант да се збогува од своите соиграчи во Нант. Тој се поздравил со нив, седнал во авионот, но никогаш не се врати назад и не слета на аеродромот во Кардиф.
Откако потрагата била прекината, поради тоа што не била пронајдена никаква трага од авионот, семејството на Сала одлучила самата да ја продолжи потрагата.
Собрале преку 300.000 евра благодарение на донациите од познатите фудбалери и тренери и го ангажирала Меарнс да го пронајде исчезнатиот авион.
„Во оваа работа нема гаранција, но шансите да го пронајдеме се добри. Проблемот е тоа што станува збор за мал авион, а подрачјето е големо и има многу други работи расфрлани по него. Исто така проблем е и тврдото тло. Но, семејството е одлучно и нема да се откажеме“, изјавил Меарнс, кој веќе открил 24 остатоци од авионот.
За оваа потреба, Меарнс ќе користи и посебен брод со најсовремена технологија и мала подморница.
Пред да почнел со потрагата, тој сакал да го рекреира кобниот лет. Заедно со семејството на исчезнатиот фудбалер, седнал во авион и го прелетал подрачјето над Англискиот канал, за кој се верува дека е местото на исчезнатиот авион.
„Ако го пронајдеме авионот, сè што имаме собрано како информации и докази, ќе ги предадеме на полицијата и властите“, изјавил Меарнс.