Серија на „Нетфликс“ повторно отвори истрага за мистериозно убиство од пред 16 години

Серија на „Нетфликс“ повторно го отвори случајот со мистериозното убиство на Алонзо Брукс од пред 16 години. Неговото тело беше пронајдено во 2004 година во еден поток. Денес, по повеќе од една деценија, по објавената серија „Нерешени мистерии“, ФБИ ги ексхумираше неговите остатоци и повторно го отвори неговиот случај.

Брукс имал само 23 години кога бил убиен. Тој бил еден од тројцата Афроамериканци кој заминал на журка во Канзас, на која имало присутни околу 100 гости. Според извештаите на ФБИ, пријателите заминале на забавата пред Брукс и го оставиле без превоз.

Кога следниот ден му се изгубила трага, родителите пријавиле во полиција. По месец дена, неговото тело било најдено од страна на група на луѓе од неговото семејство и пријатели, кои организирале сопствена потрага.

Откако била направена официјална обдукција во 2004 година, лекарите не можеле да ја одредат причината за неговата смрт. Неговиот случај останал нерешен до ден денес. ФБИ и Министерството за правда сега повторно ја отвориле истрагата.

ФБИ минатиот емсец соопштиле дека нудат награда од 100.000 долари за секој кој има некаква информација за неговата смрт.

„Истражуваме дали Алонзо бил убиен. Неговата смрт секако е сомнителна и веројатно и повеќе луѓе знаат што точно се случило таа ноќ во април 2004 година. Време е вистината да излезе на виделина. Неговото семејство ја заслужува вистината“, изјавил државниот обвинител Стивен Мекалистер.

ФБИ додал дека неговата смрт ја истражува како потенцијален расен мотивиран злостор. Од почетокот на случајот кружеле гласини дека Брукс бил жртва на валкана игра.

„Некои велат дека Брукс можеби флертувал со некоја девојка, други дека пијани белци го претепале, додека трети велат дека растисти на забавата биле незадоволни од неговото присуство“, навеле од ФБИ.

Неговата мајка Марија Рамирез ерува дека нејзиниот син бил мета поради расни разлики.

„Јас сум Мексиканка, а неговиот татко е Афроамериканец. Не убија само една раса, туку две. Тој беше мета поради бојата на неговата кожа“, изјавила Рамирез.

Scroll to Top