Јужнокореецот Ли Чун Јун, (57) по три децении самиот ги признал злосторствата и убиствата кои ги направил над 14 жени и девојки. Тој во понеделникот ја признал вината пред судот.
Се работи за случај на еден од најпознатите сериски убиства во земјата. Ли изјавил дека бил изненаден затоа што не бил откриен многу порано од полицијата. Тој уште минатата година ги признал убиствата, но сега првпат јавно проговорил за истите.
Поминал 20 години во затвор за едно од десеттината убиства кои се случиле во периодот меѓу 1986 и 1991 година, а кои се познати како „убиствата од Хвасеонг“, наречени по подрачјето во кое истите се случиле. До 2008 година бил затворен за убиство и силување на 13-годишно девојче.
Јун, чиј целосен идентитет не е објавен поради законите во Јужна Кореја, заради заштита на приватноста на осомничените и криминалците, е пуштен во 2008 година.
Со децении другите убиства останале нерешени, а случаите стигнале во фокусот на јавноста пред сè поради филмот „Сеќавање на убиството“ на режисерот Бонг Џун-хоа, кој стана познат и по филмот „Паразит“, кој доби и „Оскар“.
Минатата година полицијата покрена истрага откако се појавиле нови докази со нова ДНК која го поврзала Ли со некое од убиствата. На Јун, кој со години протестирал тврдејќи дека е невин, му било одобрено повторно судење. Неговите адвокати се обидувале да ја поништат пресудата.
На повторното судење, кое се случило во понеделникот, Ли изјавил дека кога за време на убиствата полицијата го испрашувала на себе имал само еден часовник од една од жртвите. Но, полицијата го малтретирала затоа што немал лична карта, по што бил пуштен на слобода.
„Сè уште не разбирам зошто не бев тогаш осомничен. Околу мене се случија многу злосторства и јас не се трудев да сокријам нешто, па мислев дека ќе бидам лесно уапсен“, вели Ли.
Тој изјавил дека имало стотина полицајци и постојано наидувал на детективи кои секогаш го прашувале за некои луѓе околу него кои им биле сомнителни.
Ли изјавил дека немал причина да ја убие 13-годишната девојка и додека објаснувал како ја убивал, не покажал никакви чувства.
„Тоа беше импулсивен чин. Слушнав дека место мене е приведено лице со инвалидитет, но не знаев за што е уапсен, затоа што јас имав сторено многу злосторства“, изјавил Ли, кој им се извинил на членовите на семејствата на неговите жртви.
„Слушнав дека во истрагата голем број луѓе неправедно страдале. Би сакал да им се извинам на сите нив. Дојдов, сведочев и ги опишав злосторствата со надеж дека жртвите и нивните семејства ќе најдат утеха кога вистината ќе се открие. Ќе се каам до крајот на мојот живот“, изјавил Ли.
Тој бил затворен во 1994 година, за издржување доживотна казна поради силување и убиство.За случаите од Хвасеонг, Ли не може да биде кривично гонет, затоа што тие се застарени.
Depois de 33 anos, a polícia sul-#coreana identifica o serial killer que realizou os assassinatos em série de #Hwaseong, entre 1986 e 1991. Ele foi identificado como Lee Chun-jae (#이춘재), que já estava preso desde 1994 por ter matado a cunhada. pic.twitter.com/wD983Lch69
— Jachinko (@jachinko) October 13, 2019
Во времето кога се случиле убиствата, Хвасеонг бил рурално подрачје во кое живееле околу 226.000 луѓе, расфрлени низ бројните села. Насилните криминални дела биле ретки во тоа подрачје. Полицијата вложила голем напор и енергија за да го најде серискиот убиец.
Биле потрошени повеќе од два милиони работни дена, што е рекорд во времетраењето и опсегот на некоја истрага во Јужна Кореја. Повеќе луѓе, вклучувајќи го и Ли, кој куца поради детска парализа, ја обвиниле полицијата за вршење насилство за време на истрагата.
Во јули шефот на полициската управа на провинцијата Џионги Намбу Бае јонгју, признал дека полицијата за време на почетокот на истрага во 1989 година го нападнала Јун и го присилила на лажно признание.
Во службените документи е забележано дека еден сведок бил присутен за време на признанието на Ли.
„Им се извинуваме на сите жртви и злосторства направени од Ли Чун-ја. Сочувствуваме со семејствата и жртвите кои беа дел од полициската истрага, вклучувајќи го и Ли“, изјавил Намбу.
Тој напоменал дека и други страдале поради злоупотреба на полициското овластување за време на истрагата.
Исто така изјавил дека властите заклучиле дека Ли е одговорен за сите 10 убиства кои се случиле меѓу 1986 и 1991 година во Хвасеонг. Јун во понеделникот изјавил дека му треба време за да го свари сето тоа што се случило на суд.
Претходно изјавил дека се чувствува фрустрирани поради сите години неправда и сака остатокот од својот живот да го живее како невин човек.