Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смеат и да пијат алкохол

Лидерот на Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смеат, да пијат алкохол и да купуваат разни производи за време на одбележувањето на 10-годишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил. Во наредните 11 дена сите ќе мора да се воздржат од пиење и пазарење.

Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница рече дека за време на периодот на жалост на луѓето не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности. Тој појасни дека многу активности се забранети, особено на самиот ден на годишнината, кога е забрането дури и купување продукти.

„Во минатото, многу луѓе кои беа фатени пијани за време на периодот на жалост и беа уапсени и третирани како идеолошки криминалци. Тие беа однесени и никогаш повеќе не се видени. Дури и ако член на вашето семејство умре во периодот на жалост, не смеете да плачете. Луѓето не може ни да ги прослават своите родендени за времето на жалоста“, рече тој.

Друг жител на западната провинција Јужен Хвангхае рече дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето што не сакаат да тагуваат. Тие имаат посебна должност да се справат со оние што го нарушуваат расположението на колективната тага.

„Тоа е посебна должност на полицијата, што трае еден месец. Слушнав дека службениците на редот воопшто не може да спијат“, рече тој.

Вообичаено во земјата за вакви настани се одржува 10-дневна жалост, но оваа година тој период е продолжен за 24 часа по повод десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер.

За потсетување, Ким Џонг-ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.

 

 

Scroll to Top