Шпионска афера во Австрија: разузнавачки службеници им издавале тајни на Русите

Австриската служба за уставна заштита и антитероризам соработувала и шпионирала за странски служби и политички партии, објавува „Ди пресе“. Истрагата покажала дека некои нејзини членови испраќале информации до компанијата Wirecard за чиј шеф е распишана потерница.

Како што пренесува „Ди пресе“, австриската служба за уставна заштита и антитероризам (БВТ) би требало да претставува институција што ја брани земјата од шпионажа. За главен осомничен во овој разузнавачки трилер од 2018 година се смета поранешниот шеф на БВТ.

Нему му помагал главен инспектор, кој потоа бил отпуштен, а кој се сметал за негова десна рака и кој имал одлични врски во Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО), но и со десничарската Партија на слободата (ФПО).

Во истрагата бил откриен и трет соучесник, кој бил техничар во БВТ и кој е пред суспензија.

Тие тргувале со државни тајни и лични податоци на граѓаните, а за секоја информација од службениот компјутер добивале и до 1.500 евра.

 

Извор: Ди пресе

Scroll to Top