Што ако Земјата има облик на рамна плоча?

By

Во 21 век има се поголем број лица кои веруваат во теоријата за „рамна земја“ и кои не го признаваат научното откритие и ја заговараат теоријата дека Земјата е рамна плоча.

Само три минути биле доволно за да таа теорија се разбие со сериозни научни одговори кои на интересен начин илустрираат како тоа навистина изгледа, доколку Земјата би била рамна плоча. Меѓу останатото, видеото дава одговор на прашањата, како би делувала силата на гравитација, и дали би постоеле временски зони и годишни доби и на крајот дали на таа рамна плоча воопшто би постоеле услови за живот?

Што би било кога би било?

За почеток заборавете на пешачењето и шетањето до ивицата на рамната плоча, затоа што гравитацијата едноставно тоа не би го дозволила.

Дали гравитацијата на рамната плоча, воопшто би постоела? Се разбира да. Токму гравитациската сила е таа која ја облукува, но и ја држи оваа наша, како и сите останати планети, заедно.

Кога земјата би имала облик на палачинка, силата на гравитацијата тогаш би не влечела кон нејзината средина. За да се оддалечиме од истата, таа би станувала се посилна и посилна, и силно би не влечела наназад. И додека чекориме по рамна плоча, би имале чувство дека се качуваме на некое брдо, кое, со секој нов чекор, станува се пострмен и пострмен. Во моментот кога би успеале некако да стигнеме до работ на рамната плоча, силата која нас не влече кон доле и наназад би станале еднакви.

Целата вода би била вшмукана во средиштето на Земјата.

Како планетата би се однесувала во вселената, ако е рамна плоча?

Според една од теориите според која Земјата е рамна плоча, Сонцето се врти околу Земјата, а не Земјата околу Сонцето. Но, што навистина би се случувало, кога Сонцето навистина би кружело околу Земјата, како Месечината?
Според таквото сценарио никогаш не би пателе од екстремен замор кој го чувствуваме по долгиот лет низ неколку временски зони. Причината е едноставна, временските зони не би постоеле. Сонцето истовремено би сјаело и во горниот и во долниот дел на планетата. Бидејќи сончевата светлост континуирано ја осветлува Земјата, не би имало никаков циклус меѓу денот и ноќта.

Не би биле ниту измени во годишните доби, ниту помрачување на Сонцето. Сонцето во тој случај, само по себе би морало да биде многу помало, во спротивно би ја испржило Земјата.

Но, и кога би било помало, во секој случај силно би ја пржело рамната плоча, затоа што на неа не би имало магнетно поле кое би ја штитило од Сончево зрачење.

 

Ќе ви се допадне

That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24 at website https://animefreak.ws animefreak my hero academia

Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 2 (https://animeflix.nl/m/bxoy/ep-2) at ANIMEFLIX black butler animeflix