Шведските власти го наместиле Џулијан Асанж за силување на две жени

Шведските власти го наместиле Џулијан Асанж за наводно силување на две жени. Ова го велат новите докази кои покажуваат дека немало никакво силување и дека основачот на „Викиликс“ во повеќе наврати им ги пондул на шведските власти своите видувања на работите.

Асанж поради неоснованите обвиненија, од Шведска мораше да побегне во Велика Британија. Швајцарецот Нилс Мелцер, специјалниот известувач на Обединетите нации за мачење, кој течно зборовува шведски јазик, имал увид во оригиналните документи во кои е наведено сведоштвото на една од жените кои наводно ја силувал Асанж.

Авторот Ортвин Роснер во својот блог, објавен на порталот на австралискиот медиум „Стандард“, го пренел официјалното интервју, кое Мелцер го дал за швајцарскиот онлајн магазин „Републик“.

Мелер вели дека шведските власти ја промениле изјавата на жената која наводно ја силувал Асанж. Полицијата пред нејзе почнала да ги преправа нејзините искази во кривична пријава за силување. Таа, во нејзиниот исказ постојано повторувала дека доброволно стапила во сексуален однос со Асанж, а од полицијата само побарала дали можат да го натераат Асанж, доброволно да се провери дали боледува од ХИВ.

Откако забележала дека полицијата се обидува да го промени нејзиниот исказ, таа шокирано ја напуштила станицата. Два часа подоцна, во шведскиот печат осамна веста дека Џулијан Асанж е обинет за силување во два случаи.

Мелцер особено му дал внимание на документ во кој е наведен мејлот на еден од претпоставените во службената полиција, да ги промени наводите во записникот. Во приказната се вклопуваат и податоците дека жената уште во станицата испратила СМС порака на своја пријателка, во која ѝ напишала дека чувства како полицијата сакаат да го уништат Асанж.

Спорна е и улогата на втората жена, која на почетокот дошла само како придружничка на првата. Мелцер тврди дека таа ѝ предложила на својата пријателка да оди во полиција. Интересно нивна пријателка работела во станица и била во тие моменти на должност. Токму таа ги сослушала и го составила записникот, а подоцна го променила.

Утредента, исказ дала и втората жена и објаснила дека Асанж ја натерал на секс без заштита, што, според шведските закони, се смета за силување. Чудно е што медиумите за двата случаи, известиле пред втората жена воопшто да го даде исказот.

Истражувањата на Мелцер покажуват дека се неточни тврдењата дека основачот на „Викиликс“, веднаш побегнал од Шведска за да ја избегне казната.

„Вистината е спротивна. Асанж во повеќе наврати им се јавил на шведските власти за да ги даде свој исказ, но тие го избегнувале“, вели Мелцер.

„Замислете да ве гони цел државен апарат и со години да ве обвинуваат за силување, а вие не можете да се браните, затоа што никогаш не е подигнато обвинение против вас од жртвата“, вели Мелцер.

На двете жени им е доделен правен застапник, кој случајно му бил партнер во адвокатската канцеларија на поранешниот шведски министер за правда Томас Бодстрем. Бодстрем негувал блиски односи со САД и тесно соработувал со ЦИА. Во меѓувреме, Асанж поднел барање за да ја напушти земјата, за што добил писмено одобрение од јавниот обвинител. Веднаш откако ја напуштил Шведска, издаден е налог за негово апсење.

Додека летал за Берлин, од неговиот багаж исчезнале неговите лаптопови. Асанж продолжил за Лондон, од каде повторно ја понудил својата соработка на шведското правосудство. Неговото трпение исчезнале во моментите кога открил дека против можеби се кова некаков заговор.

Од тој момент, неговиот адвокат постојано повторувал и давал изјави дека Асанж е подготвен да сведочи во Шведска, но бара дипломатска гаранција дека тамошните власти нема да го испорачаат во САД, вели Мелцер во своето интервју.

Шведска, упорно одбивала да дава такви гаранции. Но, шведското правосудство, не можело со години да ја одолговлекува постапката. Тие морале или да се откажат, или да подигнат обвинение. Во тој момент, невообичаено се вмешало британското правосудство, за да спречи било каков прекин во постапката.

„Англичаните, односно Кралската обвинителска служба, сакаше по секоја цена да ја спречи Шведска да се откаже од постапката. Истовремено, Англичаните издвојуваа милиони за надгледување на Амбасадата на Еквадор, за да спречат какво било бегство на Асанж“, вели Мелцер.

Зошто Америка се плаши од Асанж

„Позадината на бизарниот тек на настани е јасна“, смета Мелцер.

Тој укажува на тоа дека Асанж во тоа врее почнал систамтски да објавува тешки воени злочини направени од страна на САД. Тој соработува со „Њујорк тајмс“, „Гаријан“ и „Шпигл“. Само неколку месеци претходно, во април 2010 година, „Викиликс“ објавил видео од таканаречено „Колатерално убиство“, кое оваа организација го доставила до Американката Челзи Менинг. Во него се гледа како припадници на американски воени сили, во Багдад се смеат додека од хеликоптерите ги застрелуваат луѓето, меѓу кои и двајца соработници на новинарската агенција „Ројтерс“. Отвориле оган и на повредените, на лицата кои сакале да им помогнат на децата кои се нашле на местото на настанот.

Доколку Асанж навистина биде испорачан во Америка, според проценката на Мелцер, нема да има фер судење. Асанж би бил изведен пред озлогласениот Espionage Court, каде досега никој не излегол слободен. Судењето би се одвивало надвор од очите на јавноста и на основа на тајни докази. На Асанж му се закануваат 175 години затворска казна. Интересно Асанж може да ја добие највисоката казна од било кој воен злосторник во Југославија, кој за своите дела не добил повеќе од 45 години затвор.

Scroll to Top