Швеѓаните излегоа на улиците да протестираат поради воведувањето на полициски час за жените

Протести избија низ делови на Шведска откако полицијата нареди жените да одат само низ текот на ноќта, воведувајќи незаконит полициски час за целата држава.

Стотина протестанти ја нападнаа полицијата откако ги предупредија жените да останат во своите домови или да се движат само во двојки“, како би се избегнале силувањата од страна на илегалните имигранти, пишува „Dailycaller“.

Полицијата издаде предупредување откако минатата недела 17 годишна девојка била силувана од банда имигранти во градот Малме, извести „Дејли Мејл“ во средата.

Првото во низа силувања се случи на 4 ноември. Следното само недела дена подоцна. Полицијата во градот Малме отвори прелиминарна истрага за силувањата и тие го бранеле својот извештај, тврдејќи дека нивните зборови се извадени од контекст.

„Станува збор за здрав разум. Ние не ги предупредуваме луѓето да бидат надвор, туку да размислат два пати и место да се движат самите во доцните часови, нека идат со други, или нека земат такси“, изјави полицискиот началник Андрес Нилсон.

Во нивна одбрана, полицијата во Малме ги послушала демонстрантите и ја повлекла изјавата.

Шведска има стапка на силување меѓу највисоките во светот. Ова лето, шведскиот музички фестивал го откажа настанот за 2018 година, со оглед на бруталниот пораст на силувања кои се случија на фестивалот.

Учесниците известиле дека се случиле три силувања и 22 сексуални злоставувања оваа година на музичкиот фестивал на почетокот на јули, а организаторите на фестивалот изјавија дека не може да дозволат овој фестивал да се одржува понатаму.

Проблемот со имигрантските силувања во земјата исто така ескалираше кога Шведската политика дозволи да се примат се повеќе и повеќе бегалци кои ги оставиле своите домови поради конфликтите на Блискиот исток.

Шведска исто така покажа голема неподготвеност да ги депортира бегалците и странците кои се осудени за силување.

Само 13 проценти од странците кои се регистрирани како шведски државјани и кои се обвинети за силување на деца меѓу 2010 и 2014 година, се испратени дома. Меѓу оние кои не се регистрирани како шведски жители, само 40 проценти од силувачите се депортирани.

Scroll to Top