Сигнал стар 7 милијарди години стигна до Земјата

Сигнал стар седум милијарди години стигал до Земјата, пренесуваат светските медиуми. Сигналот бил толку силен и во мај минатата година ги активирал ласерските детектори во САД и Италија. Научниците велат дека овој сигнал настанал како резултат на судир на две црни дупки.

„Замислете, енергија на осум сонца отпуштена во ист час. Таков гравитациски шок-бран настанал и се раширил од досега најголемото забележано спојување на две црни дупки“, велат научниците.

Сигналот патувал седум милијарди години и стигнал до Земјата. Научниците велат дека судирот на двете црни дупки произвел едно единствено тело на маса, кое било 142 пати поголемо од нашето Сонце.

Науката веќе подолго време знае за постоењето  помали и поголеми црни дупки. Но, оваа опсервација претставува нова класа на таканаречени дупки со средна големина, кои имаат маса од 100 до 1.000 наши сонца.

Анализата на последните од нив стигнала како резултат на меѓународната „Лиго-Вирго“, соработка која управува со системите за откривање на гравитациските бранови во Америка и Европа.

Ласерските интерферометриски инструменти забележале вибрации во просорот – времето, кои настанале како резултат на катаклизмички космички настани. Од 21 мај 2019 година сите тие иницирале остар сигнал во траење од една десетинка од секундата.

Компјутерскиот алгоритам пресметал дека изворот во последните моменти од двете спирални црни дупки имале поголема маса од Сонцето, односно едната црна дупка имала 66 пати поголема маса од Сонцето, а другата 85 пати.

Оддалеченоста од ова спојување е проценета на 150 трилијарди километри.

„Тоа е неверојатно“, вели професорот Нелсон Кристенсен од опсерваторијата на францускиот Азурен Брег.

„Овој сигнал патувал седум милијарди години. Значи, тој настан се случил на половината од постоењето на нашата вселена и сега механички е забележан од детекторите тука на Земјата“, велат научниците.

Судирот на двата вселенски објекта, големи колку 85 наши сонца, го украде вниманието на голем број научници затоа што нивното разбирање за тоа како настануваат црните дупки од ѕвезди што згаснуваат не може да се ослонат на настан со вакви размери.

Ѕвездите, кога ќе го исцрпат своето нуклеарно гориво, колабираат, а нивните јадра, ако се доволно големи, се претвораат во црни дупки.

Но, според физичките закони, се претпоставува дека црните дупки не може да настанат ако внатрешната маса на таа ѕвезда е помала од 65 до 120 пати од масата на Сонцето.

Ѕвездите што згаснуваат, кои би можеле да носат такви објекти, би се распаднале сами од себе и од нив нема да остане ништо.

Ако научниците се во право, тогаш најверојатното објаснување за постоењето на објект со 85 пати поголема маса од нашето Сонце е спојувањето на црните дупки.

Професорот Мартин Хендри од Универзитетот во Глазгов верува дека ваквите настани може да имплицираат за начинот на кој настанала вселената.

„Тука зборуваме за хиерархија на спојување, можен пат да се создадат сè поголеми и поголеми црни дупки. Којзнае, може станува збор за спојување 142 соларни маси на голема црна дупка со уште поголема од неа, па како резултат на тоа настанала супер огромна црна дупка, која се наоѓа во средиштето на галаксијата“, смета Хендри.

Scroll to Top