Симпсонови ги предвидоа војната во Украина и короната, што сè уште нè чека во 2022 година според култната серија

Култните Симпсонови во повеќе наврати во своите епизоди ги предвидоа Суперболот и голем број политички настани, а многумина се убедени дека популарното шоу ја предвиде и руската инвазија врз Украина.

Недолго по трагичниот след на настани во Украина, корисниците на „Твитер“ ја споредија оваа ситуација со епизодата на Симпсонови од 1998 година, со името Simpson Tide.

Пред целата ситуација со Украина и Русија, многумина ја поврзаа пандемијата наречена коронавирус, со вирусот кој се појави во серијата и поради кој сите беа во излоација.

Коронавирус

Како доказ за тоа тие ја наведоа епизодата од серијата од 1993 година во која се појави вирусот наречен Osaka Flu кој почна да се шири низ градот Спрингфилд, откако претходно жителите во овој град почанле да нарачуваат блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кои пакуваше блендери во кутија во Јапонија, се разболе и случајно го префрли вирусот во САД.

„Ве молам, немојте да му кажете на мојот надлежен дека имам грип“, рече тој пред да се закашла во кутијата. Кога блендерите пристигнаа во Спринфилд, многу луѓе од Спрингфилд се разболеа.

Она што е страшно е дека во серијата се случува истото што се случи и во голем број земји минатите две години, а тоа е мутација на вирусот и негово појавување во повеќе бранови. Ваквата ситуација во серијата е прикажана откако голем број луѓе од Спринфилд беа сместени во куполата и останаа изолирани. Според Симпсонови дури откако ќе поминат сите бранови, ќе заврши короната.

Летечки автомобили

Едно од бројните предвидувања кое може да се оствари во 2022 година се и летечките автомобили. Ако не во оваа, тогаш сигурно во некоја од наредните. Автомобилската индутрија постојано воведува новитети, а по електричните и смарт автомобили, летечките и не се толку нереални.

Според епизодата Future drama, автомобилите на небото ќе бидат наша реалност и на луѓето ќе им го олеснат животот. Доколку се исполнат најавите на пазарот, уште едно пророшство на Симпсонови ќе биде испонето во оваа оваа 2022 година.

Роботи

Во една од епизодите, Симпсонови го посетија и забавниот парк каде роботите управуваат со секојдневните возења, сè додка не изгубат контрола и почнат да ги убиваат луѓето околу себе.

Се разбира, ова е само цртан филм и не треба да се зема здраво за готово. Сепак, Јирген Шмидхубер, познат како татко на вештачката интелегенција, неодамна шпекулираше дека роботите би можеле да го превземат светот онаков каков што ние го познаваме за неколку децении.

Сепак роботите и тоа како се веќе присутни во разни сфери од животот и го менуваат човекот, од работа во фабрика до домашни активности, сетете се само на правосмукалките кои самите ги собираат трошките.

Марс

Пред многу години во една од епизодите Лиса ќе сака да оди на Марс, па ќе се пријави за еднонасочно патување на Црвената планета иако мајка ѝ Марџ нема да се согласи со тоа.

На крајот целото семејство ќе се пријави за ова патување во 2026 година, а нивната авантура ќе стане историско.

Од друга страна, синот на Илон Маск, за неговото патување на Марс за кое многу се зборубва, би можело да се оствари уште оваа 2022 година. Компанијата на Маск, Space X веќе планира да ја лансира ракетата „Старшип“ за првпат во орбитата.

Во план е да се испрати терет кој на лицата кои наскоро ќе го населат Марс би требало да им овозможи поволни услови за преживување на оваа планета, а две години подоцна на истиот брод ќе биде испратен дополнителен терет и првите луѓе.

 

Scroll to Top