Синот на канадско-финскиот моден магнат, Питер Нигард, Каи Бикл му помага на ФБИ да ги испита наводите дека неговиот татко сексуално нападнал десетици девојки и жени во САД во текот на неколку децении, пишува „Њујорк пост“.
Бикл се свртел против татко му во 2019 година, откако забележал како тој се однесува кон осумгодишно девојче, кое било ќерка на една од неговите девојки. Тој изјавил дека неговиот татко се обидел да го малтретира девојчето.
Нигард е во затвор во Канада од декември и се бори против испорачување во САД. Светските медиуми пренесуваат дека казнените дела за кои е обвинет, траеле неколку децении во САД, Канада и на Бахамите.
Обвинтелите изјавиле дека модниот могул во ткот на периодот од 25. години, ги користел своите компании и вработени, за да регрутира женски лица, кои потоа ги користел за исполнување на неговите сексуални желби, но и оние на неговите познаници.
Тие додале дека неговите соработници, ги дрогирале некои од жените, за да се осигураат дека ќе ги исполнат неговите сексуални барања. Нигард уживал во репутацијата на плејбој, а во една прилика изјавил дека младите жени му се извор на неговата младост.