Синот на Милошевиќ го нарачал убиството на Зоран Џинџиќ, Марко нудел 5 милиони долари за атентатот над поранешниот премиер?

Синот на Слободан Милошевиќ, Марко Милошевиќ, го нарачал убиството на поранешниот премиер на Србија, Зоран Џинџиќ, пишува српски Курир. Марко на убијците им понудил пет милиони долари. Синот на Милошевиќ барал атентатот да се изврши по 5 октомври 2000 година, кога коалицијата ДОС, која ја предводел Џинџиќ, го срушила од власт неговиот татко.

Вистината за крвавиот план кој го направил Марко Милошевиќ ја открил еден од членовите на земунскиот клан, Зоран Вукојевиќ Вук. Тој бил меѓу првите кои добил статус на сведок соработник (шест месеци по атентатот во октомври 2003 годин).

По сведочењето пред Специјалниот суд, Вук одбил да влезе во програмата за заштита на сведоци. Две години подоцна бил брутално ликвидиран, а неговото тело било масакрирано и фрлено покрај пат.

Откривајќи го делот кој Марко Милошевиќ го имал со мафијата, Вукојевиќ на 13 апри 2004 година, во судница во Специјалниот суд два пати повторил дека синот на Слободан Милошевиќ го нарачал атентатот на Џинџиќ.

Вукојевиќ не прецизирал на кого синот на Милошевиќ му нудел пари, но, од друга страна, кажал дека главата на Џинџиќ ја зачувале токму од луѓето од земунскиот клан.

„Душан Спасојевиќ со Милорад Улемек организираа заштита на Џинџиќ. По 5 октомври, Легија нè  испрати да ги обезбедуваме Џинџиќ и неговото обезбедување“, тврдел Вукојевиќ.

Одговорајќи на прашањата на претседателот на советот колку време го штителе премиерот, Вукојевиќ одговорил околу петнаесет дена, затоа што во тој период Марко Милошевиќ нудел пет милиони долари за да се убие Џинџиќ.

Вукојевиќ го повторил одговорот, откако еден од адвокатите повторно го побарал тоа од него. Иако неговото сведочење се одвивало без присуство на јавноста, а неговиот исказ се сметал за службена тајна, адвокатот на семејството на Џинџиќ, Рајко Даниловиќ, изјавил дека со ова сведочење се потврдени сите обвинувања за убиството на поранешниот премиер.

„Дури на прашањата на судскиот совет, обвинителот и адвокатот бранител, тој дополнил голем број  конкретни докази за она што и претхоно го изнесувал и тврдел, а за кое јавноста главно беше запознаена преку некои од весниците, кои ги пренеле неговите изјави. Без разлика на тоа што истите беа претставени како службена тајна“, вели Даниловиќ.

Политикологот Јелена Вукоичиќ истакнува дека на сите, па дури и на самиот Марко, му било јасно каква судбина го чека неговиот татко, откако ќе ја изгуби власта.

„Мислам дека сите знаеја дека Џинџиќ ќе го испорача Милошевиќ и можеа да претпостават дека тоа ќе заврши така како што заврши. ДОС дојде на власт по 5 октомври, а познато е дека зад нив стоеја бран на западни известувачки служби. Така што беше за очекување дека власта ќе го исполни сето тоа што ќе дојдеше од западот, а на Америка ѝ беше најважно Милошевиќ да биде уапсен и испорачан во Хаг“, вели Вукоичиќ.

Светозад Вујачиќ, адвокат и советник на актуелниот министер на полицијата, не ја исклучил можноста дека наследникот на Милошевиќ помислил на ваква одмазда.

„Доколку обвинителот во тој случај имал основно сомневање дека тоа е точно, во истиот момент требало да донесе решение за спроведување истрага за Марко Милошевиќ за поттикнување на убиството на Зоран Џинџиќ. Вака останува само на тоа што го изјавил, затоа што изгледа дека за тоа немал докази“, вели Вујачиќ.

Извор: Курир.рс

(Видео) Милошевиќ ги добивал потребните лекови пред да биде испорачан во ХАГ

 

 

 

Scroll to Top