Синот на претседателот на САД вели дека руски дилери му го украле лаптопот со снимките на кои имал секс

Синот на претседателот на САД, Џо Бајден, Хантер, тврди дека руски дилери на дрога му го украле лаптопот на кој се наоѓале неговите снимки на кои има секс со проститутки. Инцидентот се случил во 2019 година, додека Хантер бил 18 дена во соба во Лас Вегас, пренесува „Дејли мејл“.

Хантер изгубил вкупно три компјутери со чувствителни содржини. Првиот го заборавил во една продавница во Делавер, а другиот му го заплениле агенти од Федералното истражно биро ФБИ. Тие му го заплениле додека воделе истрага за неговиот бизнис во Украина.

На сите три компјутери имало компромитирачки материјали од Хантер, како и чувствителни информации за претседателот на Америка. На една од аудиоснимките се слуша како Хантер разговара со проститутка и и се доверува дека руски дилери на дрога му го украле компјутерот.

Подоцна тој вели дека го уценувале.

„Потрошив една голема сума на пари. Бев со тие момци. Секоја вечер беше лудница, се забавувавме. Бевме во апартманот на кровот од хотелот. Отидов да се избањам, лежев во кадата и тоа е последното на што се сеќавам пред да се онесвестам. Кога се разбудив, тука беа Мигел и Поирс, кои ги бркаа луѓето од апартманот и чистеа. Тука беше и една Русинка, бринета. Таа одби да си замине. Тогаш открив дека ми ги нема комјутерите. Мислам дека тие тројцата ги земаа. Во лаптопот имаше снимки од див секс, беше преполн со видеоснимки. Сега тие ги имаат моите снимки“, се слуша Бајден во аудиоснимката.

Проститутката потоа го прашала дали е загрижен дека можеби Русите дошле до компромитирачки материјали, поради што подоцна можат да го уценуваат.

„Се разбира. Мојот татко е во кампања за претседател“, одговорил тој.

Хантер Бајден со провата сопруга Кејтлин, од која се развел во 2017 година, има три ќерки. Во 2016 година почнал да се забавува и со Хали Бајден, вдовицата на неговиот покоен брат Боа, кој починал од рак. Таа врска завршила во 2019 година.

Хантер има вонрачно дете со Лунда Алексис Робертс од Арканзас. Со режисерката Милиса Коен го има синот Боа, а сега Хантер се занимава со сликарство.

Тој и претходно има признаено дека редовно земал дрога и бил загрижен дека лаптоповите кои крадците му ги украле ќе ги продадат на порнокомпании, за да заработат од неговите снимки.

„Што знам, можеби ќе заработат милион или три милиони долари. А можеби никој нема да сака да ме види гол. Мојот татко е јавна личност па можеби тие ќе одлучат дека не сакаат да платат за тие снимки, затоа што тоа не им е во интерес“, додал Хантер.

„Дејли мејл“ потврди дека дошле во посед на хард дискот на кој се наоѓаат фотографиите од Хантер Бајден во хотелската соба со проститутка која покажува руски пасош. На една од фотографиите е една девојка со тројца мажи, како се забавува во куќа на Холивуд хилс, која Хантер ја изнајмувал. На другата Хантер е со две голи девојки покрај базен.

Scroll to Top