СЛУЧАЈНОСТ? – 11 светски ѕвезди кои „умреа“ од лекови на рецепт

Бројните талентирани светски ѕвезди воделе бурен живот, и прерано и трагично го имаат завршено животот. Иако повеќе од нив конзуирале алкохол и илегални дроги, има и такви кои, токму лековите на рецепт се тие кои им пресудиле. Ние се сетивме на десет ѕвезди кои доживеале таква судбина.

„Мерлин Монро“

Кралицата на оваа листа е најголемата секси икона која некогаш живеела. Мерлин Монро детството го минала во дом за деца, и брзо станала една од најпопуларните ѕвезди на сите времиња.

Таа била номинирана за наградата Златен глобус и „BAFTA“, за да на крајот, ја добие номинацијата за улогата на филмот „Some Like it Hot“, каде го освои Златниот глобус.

Животот на оваа секси русокоса, го одбележаа дури три пропаднати брака, бројни турбулентни врски и три абортуса. Поради тоа што патела од несоница, често посетувала доктор кој и препишувал разни таблети за спиење. На 36 години е пронајдена мртва во својот стан. Полициската истрага утврдила дека Мерлин умрела од предозирање од таблети за смирување, а по нејзината смрт излегле бројни теории.

Така едни тврделе дека нејзината смрт била политички чин, други дека сторила самоубиство, а трети дека станува збор за прекумерна конзумација на таблети.

Американскиот филмски институт, на Монро и го додели шестото место, на најголемата ѕвезда на сите времиња.

Елвис Присли

Вистинска легенда на 20 век, Елвис Присли, отсекогаш ќе остане запаметен како пејачка икона од чија појава буквално сите паѓаа на колена. Неговото занесно мрдање на колковите, на девојките им го одземаше здивот, и баш секоја сакаше да го има само за себе. Сите се согласуваа. – Елвис е крал! За жал во последните години од својот живот, Елвис ги губи своите епитети на секс симбол.

Станува дебел и зависен од сите можни дроги. На 16 август 1977 година, точно на денот кога имал во план да започне нова турнеја, Елвис е пронајден на подот на купатилото. И покрај трудот на лекарите во болниацта „Baptist Memorial“, во Мемпхис, Елвис ја изгуби битката со животот.

Беше тешко да се утврдат причините за неговата смрт. Се сомневале дека истата е предизвикана од реакција на кодеин, срцев удар кој настапил по ширењето на артеријата, или пак срцев удар предизвикан од предозирање. Сепак, установено е дека Еливс на денот на својата смрт имал 14 различни дроги во своето тело.

„Во првите осум месеци во 1977 година му биле препишани повеќе од 10.000 седативи, амфетамин, и наркотици“, изјави тогаш лекарот на Елвис, и со тоа потврди дека Присли починал од последица на предозирање. По смртта на Елвис, музичарот постхумно добил три Греми награди за животно дело.

High Quality Wallpaper

Мајкл Џексон

Кралот на попот Мајкл Џексон, на сцената се појави како неодоливо сладок, најмлад член на групата, The Jackson Five. Мајкл брзо порасна и ги откри пластичните операции во кои се заљубил. Како што минуваше времето, Џексон го менуваше својот изглед и стана се поголема ѕвезда.

Со голема популарност, го следеа и незгодни медиумски натписи. Така повеќе пати беше обвинет за злоставување на деца.

И покрај големата слава која со себе донесе многу пари, последните години од животот, Мајкл падна во банкрот. Во склоп на тоа, тој одлучи да организира повратна турнеја „This is it“.

За жал, поради здравствените тегоби и годините кои го стигнале, Мајкл не го дочека почетокот на турнејата, туку веќе беше пронајден мртов во изнајмениот стан, во близина на неговиот ранч Неверланд. Неговата смрт, поради пропофолот и безодиазепинот во телото, беше прогласен за убиство.

Поради смртоносниот коктел на лекови, лекарот на Џексон, во август оваа година следи судењето. И покрај бројните контроверзи, кои го следеа низ животот, погребот на Мајкл го гледаа милион обожаватели, а неговите албум,и стнаа најпродавани албуми некогаш.

Хит Леџер

Холивудскиот убиец иако ја започна кариерата во улогите на тинејџерските комедии, вистинските филмообожаватели, им останаа во сеќавање по улогите во хит филмовите: „Планината Броукбек“ и „The Dark Knight“. Во јануари 2008 година, тој почина од коктел на шест лекови, кои му беа пропишани од страна на лекарот. Имено, како што актерот, година дена претходно почнал да се жали за несоницата, лекарот му препишал таблети за спиење, против депресија, и анксиозност, против болки и настинка.

Но, проблемот е што по обдукцијата, востановено е дека тој освен лековите, земал и дрога, oxycodone и hydorxodone, кои му пресудиле.

Изворот на недозволени супстанци во неговото тело сеуште не е утврден, но се сомнева дека за нив заслужна е актерката „Mary Kate Olsen“.

Џими Хендрикс беше најголемиот гитарист на сите времиња. Сите кои барем еднаш го слушнале неговиот фамозен риф на гитара, никогаш не го заборавиле. По долгогодишната и впечатлива кареира, Хенрикс, крајот на својот живот го дочекал на 18 септември 1970 година. По една од бројните ноќни излегувања, Џими во раните утрински часови се вратил во станот кај својата девојка во Лондон.

Поради тоа што не можел да заспие, земал девет пилули за спиење, кои ги подигнал на лекарски рецепт. Не знаел дека тие пилули се од Белгиско потекло, и се многу посилни од она што вообичаено го земал. Му се слошило и се угушил во сопствената повраќаница.

Околу неговата смрт се воделе бројни расправи.

Од една страна, неговиот доктор, кој му ги препишал лековите, тврди дека му пресудило тоа што Џими бил пијан, додека од друга страна, се тврдело дека во неговото тело воопшто немало алкохол, и дека можел да биде спасен.

Џуди Гарланд

Убавото лице на кое сите се сеќаваат од легендарниот филм „Волшебникот од Оз“, актерот Џуди Гарланд, оствари завидна филмска кариера, која била наградувана актерка и зад себе остави пет пропаднати бракови и три деца, од кои двете познати ќеркички Лизи Минел и Лорни Луфт.

Во текот на животот Гарланд се борела со финансиските проблеми и беше многу несигура во својот изглед. Уште како млада девојка често конзумирала амфетамин преку ден и антидепресиви преку ноќ. Во јуни 1969 година, таа е пронајдена мртва во својот тоалет.

На обдукцијата е установено дека актерката починала од предозирање и антидепресиви. Таа постхумно е именувана во најголемата филмска женска ѕвезда, некогаш и дека и е доделен Греми за животно дело.

Кејт Мун

Легендарниот бубњар на групата The Who, Кејт Мун, живеел контроверзен начин на живот и кон себе се однеусвал деструктивно, што често можело да се види и на неговите концерти. Тој умрел под влијание на комбинацијата на неговото имплузивно однесување, настојување да се остави алкохолот и непримерните лекови кои ги земал.

Кога го променил докторот, кој не го симпатизирал премногу, тој му пропишал лек Clomethiazole, кој му требал при помошта за одвикнување од алкохолот.

По проводот со Паула и Линда Картни, 1978 година, Кејт земал 32 таблети и умрел.

Ана Никол Смит

Светски познатата секс-бомба, Ана Никол Смит секогаш била позната по разузданиот живот кој го водела. Кариерата ја започнала како Плејбој зајчица, за да подоцна работи како модел за бројни познати модни куќи. Последните години од животот, јавноста се забавуваше со своите љубовни проблеми и брачни хаотични состојби.

Така нејзините поранешни дечковци Хаувард Стерн и Лери Биркхед, и двајцата верувале дека се родители на нејзиниот син Даниел. На ДНК анализата, се испоставило дека таткто е Биркхелд. 2006 година, нејзиниот син се предозирал со метадоним, и за жал како ни тоа да не беше доволно, па Ана станала малку внимателна со својата конзумација на антидепресиви, па на 8 февруари 2007 година заминала по стапките на својот син, и починала од предозирање во хотелска соба на Флорида.

Расел Торн Џонс

Раперот и продуцентот Расел Турон Џонс, познат како Old’ Dirty Bastard бил одликуван со шаролик каратер. Познат е по своите одлични вокални способности, по што набрзо изградил кариера со реномираниот соло пејач.

Како што и приликува на еден арогантен стил на живот на еден рапер, Расел за време на живото бил обвинет за обид за кражба, неплаќање на алиментација, и дури два пати бил застрелан. Откако ги преживеал сите овие работи, тој само два дена пред својот 36 роденден, колабирал во RZA музичкото студио.

Тогаш е установено дека раперот починал од предозирање со кокаин, и пропишан опијат Трамадол.

Британи Марпфи

Холивудската слатка Британи Марфи, остана во сеќавање по бројните улоги остварени во филмовите како: „Clueless, Just Married, 8 Mile…

На нејзината заразна насмевка, и топли очи сигурно многумина ќе се сеќаваат. Последните години од животот ги мина во брак со режисерот Симон Монјацк, со кого живеела во Лос Анџелес.

Во раното утро на 20 ноември 2009 година, таа се онесвестила во нивниот заеднички дом. Иако сопругот веднаш повикал Итна помош, на младата актерка и немало спас и починала по доаѓањето во болница.

На обдукцијата е установено дека починала од воспаление на белите дробови поради прекумерна конзумација на антидепресиви. Дури неколку месеци подоцна, нејзиниот сопруг умрел од анемија и воспаление на белите дробови.

Scroll to Top