Сноуден и Маск нè советуваат да ја избришеме апликацијата „Вацап“, пренесуваат медиумите. Апликацијата за размена на пораки бара од корисниците до 8 февруари да се изјаснат дали ја прифаќаат новата контроверзна политика на приватност.
Во спротивност пристапот до апликацијата ќе им биде забранет. Оние што приватноста на податоците и доверливоста во комуникацијата им е важна тврдат дека постојат подобри апликации од оваа.
Најавата за новата политика на приватноста на „Вацап“ наведе голем број од корисниците да побараат алтернативи, а познатите личности, како Илон Маск и Едвард Сноуден, ги повикаа сите да се определат за апликација што повеќе се грижи за приватноста на вашите податоци.
Со повеќе од 400 милиони корисници, „Телеграм“ стана популарна и позната алтернатива на корисниците што повеќе ги интересира и се загрижени за својата приватност.
„Сигнал“ е апликација слична на „Телеграм“ и „Вацап“. Оваа апликација е бесплатна и едноставна за употреба и е достапна на сите главни платформи.
За разлика од претходните две апликации, „Сигнал“ користи отворени кодови за шифрирање, кои им овозможуваат на програмерите безбедност да ги тестираат сите недостатоци и да ги пронајдат грешките.
Оваа дополнителна безбедност доаѓа по цена на некои функции што поддржуваат други апликации за размена на пораки, што значи дека е нешто построга во својот изглед и функционалност.
„Сигнал“ е популарна меѓу милијардерите и дисидентите и нуди веројатно најбезбеден метод за комуникација во споредба со која било друга апликација за размена на пораки.
„Вибер“ е апликација што ја користат над 260 милиони корисници. Во некои земји е повеќе популарен и од „Телеграм“. Корисниците обично регионално се определуваат за оваа апликација, што значи дека може да ви биде потешко да најдете пријатели што живеат на дел од планетата каде што оваа апликација не е толку популарна.
Неговата основна база на корисници е во Источна Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток, но има и корисници во други делови во светот. Оваа комуникација овозможува групен разговор, испраќање гласовни и видеопораки и поддржува видео и аудиоповици.
Слично како на „Телеграм“ и „Вацап“, сите пораки на „Вибер“ се шифрирани, а исто така им овозможува на корисниците испраќање временски ограничени пораки, кои по одреден временски период ќе бидат избришани.
Апликацијата „Трима“, чие седиште се наоѓа во Швајцарија, претставува сервис за размена на пораки што генерираат најмалку кориснички податоци.
Тоа им овозможува на корисниците да користат осумцифрен идентификациски код, но не нивниот телефонски број за да се поврзат со други корисници, а контактите може да се потврдат со помош на „кју-ар“ код.
Оваа апликација нуди неколку функции, кои не се достапни на „Вацап“, како реагирање на поединечни пораки и заклучување на индивидуалните разговори со лозинка.
За разлика од другите наведени опции, „Трима“ не е бесплатна, а еден од нејзините слогани е и: „Не плаќал со своите податоци“. Уште еден недостиг, инаку е одлична апликација, е тоа што има само 10 милиони преземања во продавниците на „Гугл“, што значи дека на корисниците нема да им биде тешко да најдат луѓе со кои би можеле да разменуваат пораки.
Извор/rts.rs