Сорос купил платформа за криптовалути под името „blockhain“ вредна 100 милиони долари

Џорџ Сорос купил 100 милиони долари вредна технологија на „blockhain“, потег на кој се гледа како на глобалистичка контрола на пазарот на криптовалути.

Платформата за криптовалутата во сопственост на компанијата „Оверсток“ штотуку доби уплата од човек чие име е едно од најголемите во светот на финансиите, а извршниот директор Патрик Бирн вели дека повеќето од тие пари ќе бидат финансирани за платформата на „blockhain3.

Според извештајот на Комисијата за хартии од вредност (SEC) оваа недела, компанијата „Оверсток“ добила голема инјекција на кеш од „Quantum“ фондот, „Хеџ“ фондот во сопствеништво на Сорос, пишува „Coindesk.com“.

Од 100 милиони долари колку што добил „Оверсток“, 20 милиони долари ќе се вложат во финансирање на компанијата „DeSoto Inc“, која ги има правата на сопственост на платформата „blockhain“.

Што се однесува до останатите 80 милиони долари, веројатно ќе се вложат во водечката платформа за „e-commerce“ која го прифаќа биткоинот како средство за плаќање и други „blockhain“ работи како дел од филијалата на „Medici Ventures“.

„Можеби е време да престанеме да го гледаме ‘Оверсток’ како две одвоени компании. Нашата малопродажна платформа имаше 40 милиони единствени посети минатиот месец. Ние развиваме ‘blockhain’ апликација, и ‘blockhain’ компанија, а малопродажното дејствување е исклучително вредно и очекуваме прометот на ‘blockhain’ понатаму се развива“, изјави Бирн.

„Преку малопродажбата која е вклучена во оваа работа, можеме да направиме поврзување меѓу два простора, простор на конвенционални валути и простор на криптовалути“, додаде Бирн.

„Quantum“ фондот не одговори на барањето за коментар за медиумите, но разоткриено е дека Сорос купувал акции во компанијата „Оверсток“ во ноември.

Бирн спомена дека средствата од Сорос ќе бидат вложени во развој на платформата за пазарот на капитал која е во сопственост на компанијата „Оверсток“.

Во меѓувреме, „Оверсток“ купил 30 милиони долари вредни токени со остатокот од средствата, изјави Бирн за „Coind Desk“.

„Оверсток ќе вработува луѓе преку Вол стрит со искуство за управување со ризици“, дополни Бирн.

 

Scroll to Top