Шефот на КГБ во Белорусија, Валериј Вакулчик, денеска во јавноста соопшти дека бил спречен атентат врз кандидатот на опозицијата на претседателските избори во земјата, Светлана Тикановскаја.
Валериј соопштил дека од опозициониот штаб добил информација дека се плаши дека може да дојде до провокација и атентат врз Тикановскаја.
Тој нагласи дека претходно од Министерството за внатрешни работи доби соопштение дека во Белурија било потребно жртвено јагне.
Според зборовите на шефот на КГБ, веќе е откриен креаторот на ваквото соопштение и истиот наскоро ќе биде уапсен.
„Ние сериозно ја земавме оваа информација во предвид. Јас донесов одлука да издвојам 120 припадници за обезбедување на изборниот штаб“, изјавил тој.
Валериј додал дека обезбедувањето се обидува да не привлекува премногу внимание, но нивното присуство било очигледно.
Според прелиминарните податоци на ЦИК Белорусија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко на изборите освоил 80,08% од гласовите.
Светлана Тикановскаја, е на второто место со освоени 10.09% од гласовите. Но, таа не го призна поразот, но не ги поддржа ниту протестите.