Сценаристот на „Јас сум легенда“, со Вил Смит, им објаснува на антиваксерите дека тоа е само филм и дека нема да се претворат во зомби ако примат вакцина

Сценаристот Акива Голдсман, човекот човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со актерот Вил Смит, деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија.

„Боже мој. Станува збор за филм, кој јас го измислив. Не е реален“, вели Голдсман.

Во филмот се зборува за неуспешен обид за генетски ре-инженеринг на сипаници со цел да се излечи ракот. Ова убива 99% од популацијата на светот, а тие што ќе ја преживеат болеста мутираат во зомбија.

Scroll to Top